BEAUTYДиети

Ставете ги овие 2 состојки во чаша вода – килограмите ќе се топат, а чувството на ситост ќе трае

Освен што го зајакнуваат организмот, можат да поттикнат и забрзување на метаболизмот.

Advertisement

Ова е природен извор на вредни хранливи материи. Исто така, е богат со фенолни соединенија, пектини и аминокиселини. Неговиот остар мирис и киселкаст вкус можат да се ублажат со додавање на мед – природна намирница богата со хранливи состојки.

Станува збор за јаболковиот оцет.

Advertisement

Јаболковиот оцет содржи витамини од групата Б (B1, B2, B3, B5, B6, B7, B9), витамин Ц и минерали како што се железо, натриум, калциум и фосфор.

Јаболковиот оцет и медот се познати по своите лековити својства, а нивната комбинација може да донесе бројни придобивки за здравјето.

Освен што го зајакнуваат организмот, можат да поттикнат и забрзување на метаболизмот.

Advertisement

Медот содржи фруктоза и гликоза, но и голем број минерали (магнезиум, калиум, калциум, натриум, манган, бакар, цинк) и витамини C, B1, B2 и B6. Оваа комбинација на корисни соединенија му дава на напитокот од јаболков оцет и мед (ставени во чаша вода) позитивно дејство врз здравјето но помагаат и за топење на масните наслаги.

Поддршка при слабеење

Јаболковиот оцет често се користи како помош при регулирање на телесната тежина. Јапонско истражување спроведено во текот на 12 недели покажало дека испитаниците кои секојдневно пиеле по две лажици оцет разредени во 500 мл вода изгубиле во просек 0,9% телесни масти.

Оцетот може да го забави апсорбирањето на хранливи материи, да го продолжи чувството на ситост и на тој начин да го намали внесот на калории.

Доколку се додаде мед во напитокот, се препорачува умереност поради неговата висока енергетска вредност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button