Старо женско име повторно е популарно -се верува дека девојчињата што го носат се предодредени за среќа и благосостојба
Преубавото име се враќа во мода.

Ова име во подолг период беше заборавено, но сега повторно се враќа со полн сјај во Македонија.
Станува збор за името Наталија.
Advertisement
Името Наталија последниве години повторно е многу популарно и кај нас и во земјите од регионот.
Потекнува од латинскиот јазик, од името Наталиа, односно Наталис, поточно од зборот natalis, што значи „денот на раѓањето на Исус Христос“ или „Божиќ“; потоа „ден на радост“, „прослава“, „празник“, „ден на среќа“.

Порано ова име се давало на девојчиња родени на Божиќ, но во современиот свет тој обичај повеќе не се практикува, па името Наталија добило и други значења – „таа што е родена радосна“; „жена што носи среќа и славење“; „среќна и родена под среќна ѕвезда“; „таа што е дар од Бога“; „Божја ќерка“; „безгрешна“; „милостива“.
И имињата кои се слични на Наталија, се подеднакво среќни. Така, во среќни женски имиња спаѓаат и Ната, Натка, Натали, Ната, Наташа.
Претходно, гламур.мк пишуваше за најсреќни македонски имиња со голема симболика.
Богдан, Богдана – Ова име е многу популарно во последните години и значи „Божји дар“. Симболизира среќа и благослов.

Лука – Име кое често се поврзува со светлината и добрите работи, а последниве години е едно од најпопуларните во нашата земја. Има и религиско значење, бидејќи е поврзано со Свети Лука.
Михаило, Михајло, Михо – Прекрасно, класично машко име чие значење е всушност реторичко прашање „Кој е како Бог?“. Има силна, заштитничка симболика.
Јован, Иван, Јована, Ивана – Значи „Бог е милостив“, а друга варијанта на ова име е Иван(а). Името Јован(а) често го добиваат момчиња родени во јануари, кога се слави празникот Свети Јован.
Целиот текст прочитајте го – ТУКА.