CelebrityНаши ѕвезди

Старо-новиот картинг шампион ја пишува историјата – Македонија слави, Балканот му симна капа!

Advertisement

Аматерската Картинг Лига на Србија (АКЛС) ја заврши сезоната со шест возбудливи трки во три држави, а титулата и оваа година заврши во македонски раце. Со апсолутна доминација и четири победи од шест натпревари, Масимо Тасевски од Скопје ја одбрани ланската титула и стана двократен шампион на АКЛС.

Со финалната трка што се одржа месецов, беше ставен печат на извонредната сезона на Тасевски, кој и оваа година покажа конзистентност, брзина и голема тркачка зрелост. Натпреварите се возеа на патеки во Србија, Унгарија и Хрватска, а Тасевски победи на трките во Палоц и Кечкемет (Унгарија), Пореч (Хрватска) и Аутокомерц – Белград (Србија).

Advertisement

Со вкупно 157 освоени поени, Масимо убедливо го освои првото место во генералниот пласман. Зад него се најдоа Радослав Жиковиќ со 129 поени и Михајло Вучиниќ со 117 поени. Со оваа победа, младиот македонски возач уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите во регионалниот аматерски картинг и дека македонското знаме сè почесто се вее на тркачките патеки низ Балканот.

Честитки за Масимо Тасевски за уште една извонредна сезона и заслужена шампионска титула!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button