Старо македонско име е забрането во Франција – името што го носеше секоја втора баба кај нас, сега е „безобразно“ за новороденчиња
Старо македонско име за девојчиња е забрането во Франција, а кај нас се уште го носат бројни прекрасни жени и девојки.

Во Франција, како и во многу други земји, постојат строги правила за избор на имиња за деца, а едно старо македонско име за девојчиња неодамна е ставено под забрана.
Овој потег го привлече вниманието на медиумите и јавноста бидејќи станува збор за име кое генерации на семејства го користеле, особено во времето на нашите баби и прабаби. Причината за забраната е бизарна – името во современиот француски сленг стекнало неприкладно значење, што властите го оцениле како несоодветно за да биде дадено на новороденче.

Името потекнува од 13 век и, покрај што го среќаваме во Македонија, често е и во Србија, Хрватска и Полска, а изведено од називот на едно прекрасно овошје и долго време било вообичаено на Балканот. Сепак, современите асоцијации во Франција го направија контроверзно, и властите се одлучија да го стават на списокот на забранети имиња.
Станува збор за името Јагода.
Овие имиња се забранети низ светот
Во многу земји, забраните на имиња имаат за цел да ги заштитат децата од потенцијално исмевање, срам или негативни асоцијации. Така, на пример, во Германија, Малезија, Мексико и Нов Зеланд е забрането да се даде името „Адолф Хитлер“. Во Јапонија, името „Акума“ (што значи „ѓавол“) е исто така забрането. Во Франција, покрај старото македонско име, „Фрејз“ („Јагода“) поради сленг асоцијации кои се сметаат за неприкладни се забранети и имиња од типот на Нутела и слични кои асоцираат на рекламни производи.
Во Германија, родителите мора да изберат име кое јасно ја покажува половата припадност, не смее да биде презиме или име на производ.
Во Шведска, законите го забрануваат секое име кое би можело да „предизвика навреда или непријатност“. Слично, на Исланд, имињата мора да содржат само буквите од локалната азбука и граматички да одговараат на јазикот, додека во Данска постои листа од околу 7.000 одобрени имиња.
На Блискиот Исток, како во Саудиска Арабија, некои титули и имиња се резервирани само за племињата, а странски имиња како Линда и Алис се забранети. Во Португалија се бараат традиционални португалски имиња, додека во Мароко, родителите можат да избираат само имиња соодветни на „мароканскиот идентитет“, па така хебрејското име Сара не е дозволено.

Зошто е важно внимателно да се избира име
Името на детето е едно од првите и најзначајни одлуки за родителите. Некои се инспирираат од традицијата и семејните корени, други одат во креативни и понекогаш екстравагантни решенија. Заканата од срам, исмевање или несоодветни асоцијации довела многу држави да воведат законски ограничувања. На пример, во Франција, споменатото старо македонско име стана предмет на забрана токму поради новите културни контексти и значења кои се развиле со времето.
Најважно е дека изборот на име не е само формалност туку тоа ја следи личноста цел живот и влијае на социјалниот статус и перцепцијата во општеството. Забраните на имиња се еден од начините државите да се обидат да ги заштитат децата и да го олеснат нивниот социјален живот, избегнувајќи можни проблеми и непријатни ситуации во иднина.