По 98 години, Конверс одлучи да го смени изгледот на легендарните старки, фановите во паника!
Дизајнерите и одговорните во Конверс порачаа дека на овој чекор се одлучиле за да ја подобрат удобноста на легендарниот модел.
По 98 години Конверс одлучи да го промени визуелниот идентитет на легендарните „All Star – Chuck Taylor“ патики, па како што мислат тие, малку ќе ги подобрат.
Имено, патиките кои го добија името по легендарниот кошаркар на Ејкрон Фајрстоунс , Чак Тејлор, и кои за брзо време станаа култни патики како на светската спортска, така и на алтернативната, па на крајот и на популарната модна сцена, ќе се викаат „Chuck Taylor II“.
Кендис Свонепул во старки …
Подобрувањето кое Конверс, односно Најк кои се сопственици на Конверс од 2003 година, планираат да го направат се однесува на тоа долниот дел да биде нешто подебел, додека гумената капа ќе остане идентична, а во внатрешноста ќе се наоѓа пената „Nike Lunarlon“. Покрај ова и логото ќе биде во истата боја како и самата патика.
Првата дама на Америка, Мишел Обама во пурпурни старки …
Од Конверс порачаа дека на овој чекор се одлучиле за да ја подобрат удобноста на овој модел, а новите модели ќе се појават на 28 јули во црна, бела, црвена и сина боја. Цените на американскиот пазар ќе изнесуваат до 70 до 75 долари.
{youtube}PWVyPeGaKJ0{/youtube}
Според реакциите на социјалните мрежи, фановите не се премногу воодушевени од овие промени, бидејќи многумина сметаат дека класичниот модел не треба да се менува. Но, од Конверс порачуваат дека и старите модели ќе останат во продажба.
ПОВЕЌЕ: Најубавите патики за лето 2015 » |