Реклама
MAMAРецепти

Неодоливо крцкава, а сочна: Старински рецепт за пита од јаболка

Реклама

Оваа пита од лиснато тесто ќе ја обожаваат сите. Вкусна е и крцкава, а и многу лесна за подготвување.

Потребни состојки:

  • 5 мали јаболки
  • 250 грама лиснато тесто
  • 1 лажичка цимет
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Малку сол
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • 100 грама путер
  • По потреба зејтин
  • По вкус прав шеќер

Начин на подготовка: Исчистете ги јаболките и исечете ги на коцкички. Во сад ставете путер и малку масло, па кога ќе се загрее додајте ги јаболките, шеќерот и кафеавиопт шеќер, сол и цимет и пржете околу 6-7 минути. Оставете да се олади. Одмрзнете го лиснато тесто и работната површина посипајте ја со брашно, како и самото тесто, па тенко развлечете го. Поделете го на шест делови и на секој дел ставете по една лажичка од јаболките. Спојте го тестото и притиснете го со вилушка на краевите, за да не излезе филот. Во друг сад загрејте масло и пржете додека питата не зарумени од двете страни. Испржрените парчиња извадете ги на хартија за да се впие вошокот маснотии. Готовите посипајте ги со шеќер во прав и цимет. Послужете ги топли.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button