Оваа пита од лиснато тесто ќе ја обожаваат сите. Вкусна е и крцкава, а и многу лесна за подготвување.
Потребни состојки:
- 5 мали јаболки
- 250 грама лиснато тесто
- 1 лажичка цимет
- 1 кесичка ванилин шеќер
- Малку сол
- 2 лажички кафеав шеќер
- 100 грама путер
- По потреба зејтин
- По вкус прав шеќер
Начин на подготовка: Исчистете ги јаболките и исечете ги на коцкички. Во сад ставете путер и малку масло, па кога ќе се загрее додајте ги јаболките, шеќерот и кафеавиопт шеќер, сол и цимет и пржете околу 6-7 минути. Оставете да се олади. Одмрзнете го лиснато тесто и работната површина посипајте ја со брашно, како и самото тесто, па тенко развлечете го. Поделете го на шест делови и на секој дел ставете по една лажичка од јаболките. Спојте го тестото и притиснете го со вилушка на краевите, за да не излезе филот. Во друг сад загрејте масло и пржете додека питата не зарумени од двете страни. Испржрените парчиња извадете ги на хартија за да се впие вошокот маснотии. Готовите посипајте ги со шеќер во прав и цимет. Послужете ги топли.