Реклама
Хороскоп

Стари верувања – вистина или суеверие?

Реклама

Знаете дека не треба да чувате отворен чадор дома, но дали знаете што треба да направите кога за прв пат во годината ќе слушнете грмотевица или ќе падне снег? Еве што нашите претци велат за тоа!

superstitious first
Кога го прашале Пушкин дали е суеверен, одговорил дека не е, но, додал: „Сепак, претпочитам да не продолжам по патот доколку помине црна мачка.“

Вино
Ако случајно се истури вино, навестува нешто добро.
Вода
Ако истурите вода, тоа е знак за добри настани.
Врата
Ако вратата прави звук на чкрипење сама по себе, некој од оние кои живеат во куќата ќе умре.
Гром
Кога ќе го слушнете грмотевица за прв пат во годината, препорачливо е лесно да ги допрете џебовите за да бидат секогаш полни.
Грмотевица во зима предвидува нездрава година.
Ако грми во убав, ведар ден, наскоро ќе врне.
superstitous treta
Дожд
Ако врне доста силен дожд и капките стануваат меурчиња во баричките, дождот ќе продолжи да врне.
Ако дождот започнува со големи капки, наскоро ќе престане.
Ѕвезди
Ѕвезда што паѓа е знак – предвидува дека нешто многу лошо ќе се случи: болест, сиромаштија и глад ќе се зголемат, ќе има тешки времиња – војна, уништување, погроми.
Ако ѕвездите светат ноќе на јасно небо и треперат многу во утринските часови, времето ќе се влоши.
Ако околу некои ѕвезди има бели или црвени кругови, времето ќе биде убаво.
Црвенеење на лицето или зуење во ушите
Ако лицето на момче или девојка се зацрвени, некој што тој/таа го љуби ги споменува во тој момент.
Ако некому му „горат“ ушите, некој зборува за него.
Ако некому му „ѕвонат” ушите:
  Десното уво – се работи за среќно искуство;
  Левото уво – ќе добиете лоши вести.
Кафе
Ако ви прекипе кафето, нешто лошо ќе се случи (караница, на пример).
Ако, додека сипувате кафе во шоља се формира меур, тој што ќе пие има непријатели.
Виножито
Ако некој помине под виножито, ќе му се промени полот.
Ако се појави виножито по дожд, времето ќе биде убаво.
Ако виножито се појави додека врне, дождот ќе престане наскоро.
Ако црвената боја преовладува во ѕуницата, тоа е знак дека ќе има крвопролевање или пожар.

Маркетинг

superstitious second

Кивање
Ако некој кивне, тоа не е добро – ќе се разболи. Сепак, ова нема да се случи, доколку некој рече: „На здравје!“
Ако некој болен кива, ќе се опорави наскоро.
Оган
Ако децата си играат со оган, нема да престанат да мократ в кревет додека спијат.
Ако чадот паѓа под оџакот, времето ќе се влоши.
Ако оганот баботи, луѓето во куќата ќе се караат.
Две лица не треба истовремено да палат оган, бидејќи ќе се скарат.
Небо
Ако небото е црвено, времето ќе биде ветровито и може да се влоши.
Месечина
Бледата боја на месечината најавува дожд; чиста и светла месечина покажува јасно време; црвеникава месечината навестува силен ветер и бура.
На млада месечина добро е да се започне нова работа – таа ќе биде успешна.
Ако на млада месечина го допрете џебот, тој ќе биде полн со пари во текот на месецот.
За време на полна месечина, не правете ништо, а особено не започнувајте нова работа, бидејќи нема да се одвива успешно.
Ако околу месечината се појави круг, временската состојба ќе се влоши; сепак, понекогаш ова е предвесник и на суша.
superstitious third
Лажица
Ако на масата е ставена една лажица отповеќе, веројатно за време на оброкот ќе дојде гостин.
Метла
Никој од домашните, ниту домашно животно, не треба да биде тепан со метла, бидејќи ќе умрат.
Лоша идеја е да ја чистите облеката со метла или да прескокнете метла.
Метар
Метар никогаш не треба да се стави на кревет, бидејќи оној кој спие на него ќе умре.
Нож
Ако си играте со нож, ќе се тепате со некого.
Огледало
Да се скрши огледало е лош знак и тоа често значи дека некој од домашните ќе умре.
Ракија
Ако се истури ракија, може да значи скорешна расправија. Исто така, тоа може да значи и дека починати роднини или пријатели сакаат да се напијат.
Кошула
Лошо е кога некој оди без кошула – тоа навестува сиромаштија.
Сапун
Ако двајца си подаваат сапун од еден на друг, ќе се караат. Затоа, едниот нека го остави сапунот каде што стои, а другиот нека го земе од таму.
superstitious fifth
Молња
Ако има молњи ноќе, а не врне дожд, ќе има долги периоди без дожд. Молња во далечина исто така предвидува суша.
Сонце
Ако дете се роди пред да изгрее сонцето, ќе биде среќно; ако се роди во текот на зајдисонце, ќе биде губитник.
Ако некој моча накај сонцето, нема да се омажи/ожени.
Ако сонцето се зацрвени, тоа е лош предзнак.
Ако сонцето сјае наутро, истиот ден ќе врне многу дожд.
Снег
Добро е да си го измиете лицето со првиот снег; ќе бидете здрави и енергични, „бели и румени“.
Ако врне снег откако ќе залади, времето ќе омекне.
Ако снегот е дебел в зиме, годината ќе биде плодна, „дебел снег-дебел комат“.
Средба
Добро е да сретнете:
  Човек со полни раце
  Човек што не носи ништо друго, ама ви мавта со рацете
   Оџачар.
superstitious fourth
Лошо е да сретнете:
  Човек со празни раце, празни садови, итн
  Свештеник
  Човек со скрстени раце.
Чешање
  Левата дланка – ќе земете пари;
  Десната дланка – ќе давате пари;
  Нос – ќе се налутите за нешто.
Леб
Да сретнете човек што носи печен леб е многу добар знак.
Ако ви се допаѓа да јадете од средината на лебот, ќе имате женски деца, а ако ви се допаѓа кората, ќе имате машки деца.
Ако печете леб во рерна, ама сте го заборавиле и тој изгорел, тоа е проклетство за смрт на роднини во домот.
Чадор
Да оставите отворен чадор во собата е лош знак.
Чаша
Ако ви падне чаша од рацете и ако не се скрши, наскоро сопругот/сопругата ќе ве измами со добар пријател/ка.
Јајце
Јајце со две жолчки не треба да се јаде, бидејќи ќе се случат проблеми.

Маркетинг

superstitious sixth

Драги читатели, останува на вас да проверите дали денес, во 21-от век, кога на располагање ни е целиот свет како на дланка, нашите претци, сепак, знаеле повеќе од нас!? 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button