Реклама
FashionМодни совети

Три стилски совети со кои на старите плетени блузи ќе им подарите нов, модерен изглед

Реклама

Плетивата се клучно парче облека за есенската и зимската сезона. Со падот на температурите, тие ни стануваат како друга кожа. Сепак, за да не ги носите секогаш на ист начин, добро е да се послужите со овие совети кои ќе го збогатат вашиот изглед.

1. Комбинација со чипка

Крупните плетива и деликатната чипка се совршен контраст, па и добитна комбинација. Освен што вашиот џемпер ќе изгледа како сосема ново парче облека, ќе создадете уникатна креација која не можете да ја купите во продавниците.

2. Комплементарни бои

Доколку поседувате плетена блуза во некоја силна и светла боја, тогаш одлично би било да го искомбинирате со долен дел кој исто така е во впечатлива боја. Освен што фокусот ќе биде на двете парчиња облека, старото плетиво ќе добие сосема нов изглед.

Маркетинг

3. Комбинирање со принтови

Со цел да го одвлечете вниманието од плетивото кое веќе сте го носеле сто пати, ви советуваме да искомбинирате со долен дел облека со впечатлив дизајн, со цел вниманието да падне на тоа парче облека.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button