Овој старец ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди доколку докаже дека има 179 години!
Мураси наводно е роден во Бангалоре на 6 јануари 1835 година, а се шпекулира дека постојат документи кои можат тоа да го потврдат.
Старецот целиот свој живот работел како чевлар, поточно до 1957 година кога во 122 година од животот конечно заминал во пензија. „Можеби ангелот на смртта заборави на мене“, изјави во шега Мураси. Тој вели дека живеел толку долго што ја гледал смртта на внуците на неговите внуци. Инаку, тој нема посериозни медицински проблеми, а за приказната да биде поинтересна, неговиот последен доктор умрел во 1971 година.
Доколку се излезе дека ова е вистина, научниците би можеле по неговиот пример да ја откријат тајната на долговечноста.
Извор: novi.ba