Некои може да кажат дека генетиката е важна за долговечноста, но дури и ако вашите претци не живееле долго, тоа не значи дека и вие ќе живеете колку нив.
Генетиката може да ви пружи најмногу 30% од траењето на животот. Останатото е на вас. Останатите услови се под ваша контрола, како што е однесувањето, исхраната и начинот на живот. Додека многумина кои доживеале 100 години тврдат дека исхраната, вежбањето и здравиот стил на живот придонеле за нивната долговечност, други целосно ја отфрлаат таа теорија. Еден од нив е и 125-годишниот старец Сулиман Ал Мул, кој секојдневно пуши цигари и тоа веќе преку 40 години. Тој е полн со енергија, се движи, готви, шета дневно околу 3 километри. Два пати се женел, неговата прва сопруга умрела по 70 години живот, а со неа имал 7 деца. Сега живее со втора сопруга.
Тој вели: „Тајната е во видот и квалитетот на исхрана. Јадам колку ми е потребно. Не приближувајте ѝ се на храната која содржи непознати состојки. Чисто маслиново масло и мед се еликсир за добро здравје и долг живот.“
Чај за долговечност
Уште една тајна е неговиот посебен волшебен чај за кој тврди дека може да ги „оживее и мртвите“. Рецептот е едноставна мешавина од рогач, темјан, леќа и анасон. Тој сите овие состојки ги става во врела зовриена вода, ги остава да постојат, ги процедува и напитокот го пие секој ден.