Стар македонски лек со кој нашите баби лекувале кашлица – се прави од две состојки кои сигурно ги имате дома
Овој стар рецепт што се користи веќе со векови нуди природна и ефикасна алтернатива за лекување на кашлица, додека истовремено го зајакнува имунитетот и помага во брзо опоравување.

Сувата кашлица може да биде многу иритирачка, а понекогаш и болна, особено кога трае подолг период, но често е и доста лесно решлив здравствен проблем. Во македонската народна медицина, едно од најпознатите и најефикасните природни решенија за кашлица е сирупот од мед и кромид со кој нашите баби ги решавале иритациите во дишните патишта.

Медот и кромидот се веќе долго присутни во македонската народна медицина. Луѓето ги користеле овие две состојки за лекување на многу болести, а посебно за решавање на проблеми со дишните патишта, вклучувајќи кашлица.

Кромидот бил ценет по своите антибактериски својства, додека медот по своите смирувачки и лековити ефекти на слузокожата на грлото. Комбинацијата на овие две намирници претставува природен, но ефикасен лек кој помага во намалување на сувата кашлица и ублажување на симптомите на респираторните инфекции.
Овој стар рецепт што се користи веќе со векови нуди природна и ефикасна алтернатива за лекување на кашлица, додека истовремено го зајакнува имунитетот и помага во брзо опоравување. Со минимални состојки, лесно можете да го припремите во вашиот дом и да го користите во секојдневното лекување на респираторни тегоби.

Начин на подготовка на природниот лек
За подготовка на овој едноставен, но ефикасен природен лек, ќе ви бидат потребни само две состојки: две-три главици кромид и 5-6 лажици мед (по можност домашен, од костен или ливадски мед).
Прво, исечкајте ги главиците кромид на ситни парчиња или изрендајте ги. Ставете го исечканиот или рендан кромид во стаклена тегла и прелијте го со медот. Добро промешајте закромидот и медот да дојдат во контакт и оставете да отстои 12-24 часа.
Кромидот ќе пушти свој сок кој ќе се измеша со медот и ќе создаде густа течност. Потоа, процедете ја течноста преку газа или ситно сито и исфрлете ги парчињата кромид, така што ќе добиете сируп подготвен за употреба.
Како се користи сирупот од мед и кромид
Препорачаната доза е 1 лажичка од овој сируп 3 пати дневно, по можност пред оброк. Ако имате силни симптоми, можете да ја зголемите дозата за уште една до две лажички.
Сирупот од мед и од кромид е ефикасен и безбеден за возрасни и за деца над 6 години.

Како делува оваа комбинација
Медот делува како природен смирувачки агент. Тој помага во намалување на иритираноста во грлото и ја ублажува кашлицата така што создава заштитен слој на слузокожата во грлото. Исто така, медот има антибактериски својства кои помагаат во намалување на инфекции кои можат да предизвикаат кашлица, додека истовремено го подобрува имунитетот. Медот делува и како благ седатив кој помага при несоница, што често е последица од упорни напади на кашлица.
Кромидот, пак, содржи различни лековити супстанции, како алинин и кверцетин, кои имаат силно антибактериско, антивирусно и противвоспалително дејство. Сокот од кромид помага во разградување на слузта, олеснува искашлување и ја намалува иритираноста во дишните патишта. Поради високата содржина на витамин Ц и други хранливи материи, кромидо помага и во зајакнување на имунитетот и го забрзува опоравувањето од респираторни инфекции.