Реклама
MAMAКафе муабет

Станете свесни за својата вредност, победете ги своите НЕСИГУРНОСТИ

Реклама

Постои огромна моќ во тоа да научите да се прифатите себеси. Да умеете да го земете огледалото, да се погледнете и да се сакате токму онакви какви што сте. Самоприфаќањето значи да се прифатите какви што сте навистина, а не она што би сакале да бидете. Тоа не е лесно, но, се’ што вреди бара малку труд, зар не?

ФОТО: elements.envato.com

Лесно е да кажете дека се сакате, но на крајот од денот повторно да си легнете со солзи зошто не сте како оној или како онаа и тоа останува само на зборови. Треба голема сила и храброст за навистина да поверувате во она што го зборувате.

Секој се бори со некои несигурности. Некои можеби повеќе од другите, но никој не е 100% сигурен во себе цело време. Да се разберат несигурностите е во ред, но сосема друго е да се дозволи тие да управуваат со вашиот живот. Ќе постојат и денови кога нема да верувате во себе и нема да сакате да излезете од вашиот дом, но се’ додека тоа е моментално, е во ред.

Маркетинг

Никој друг од страна не може да ви влее толкава самодоверба, колку што можете вие самите. Запаметете дека секој во себе се бори со одредени работи, но најважен е начинот на кој пристапувате кон справувањето со проблемите и несигурностите, но и аспектот од кој ги согледувате работите. Прифатете се онакви какви што сте, затоа што не постои некој на светот ист како вас. Вие сте единствени. Победете ги несигурностите и ќе видите колку може животот да биде убав!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button