Реклама
MAMAКафе муабет

Моќни совети за секоја жена: Станете самостојна личност која ги остварува своите цели

Реклама

Да се биде независна жена, а истовремено и среќна, тоа е најважниот подарок кој можете да си го подарите себеси. Кога не зависете од никој, тогаш го живеете својот живот, под условите и правилата кои сами си ги поставувате. Не мора да очекувате ништо од никој или да се ставате себеси на второ место. Еве како да стекнете поголема самодоверба и да станете силна жена која ги остварува своите соништа.

ФОТО: modelonamission.com

Силната жена оди сама во ресторан

Независната жена не се срами од својата самотија и не обрнува внимание на тоа што мислат другите за нејзиниот начин на живот. Таа обожава да поминува време уживајќи во благодетите кои ѝ ги нуди животот. Самостојната жена оди сама во ресторан, не се крие од срам, туку слободно ужива во својот оброк.

Силлната жена е доволно самоуверена и знае кога треба да замине од лошата ситуација

Силната и храбра жена знае да одбие понуда за работа која не ѝ ветува многу, или пак да го прекине состанокот кој не изгледа според планираното. Таа не го крие своето искрено мислење, туку отворено ја изнесува секоја пофалба и критика. Таа не сака да учествува во она што не ѝ одговара, па затоа не се плаши да го напушти лошото поглавје од животот.

Самата себе си купува цвеќе

Купувањето цвеќе самата на себе доаѓа како симболичен гест и некогаш е прекрасен начин за да се разубави денот. Не можете ништо подобро да си подарите себе, освен прекрасни цвеќиња кои ќе ви предизвикаат насмевка на лицето и ќе го освежат вашиот животен или работен простор.

Маркетинг

Таа не бара момче, туку рамноправен партнер

Нем ора да биде нечија девојка, не ѝ треба титула. Нејзе ѝ е потребен партнер кој ќе ја поддржува во нејзината одлука да биде самостојна. На независната жена од голема важност ѝ е нејзиниот партнер да ѝ биде и пријател, некој со кој ќе може да разговара за секакви теми.

Своите цели ги става на прво место

Тоа не значи дека ги потценува другите, туку едноставно си има свои приоритети.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button