Српски пејач ја разобличи девојката – „Се гледаше со мене и со уште еден – ја дочекавме на пијачка!“

Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“, Иван Симиќ, доживеал предавство од девојката со која бил во двегодишна врска. Како што открива, таа истовремено била во врска и со друг маж — а ниту тој, ниту Симиќ знаеле еден за друг.
Симиќ раскажал дека целата ситуација се развивала во позадина без нивно знаење, сè додека лагите не започнале да испливуваат на површина.
„Имав ситуација каде што две години бев во паралелна врска, со девојка која, очигледно, била и со уште еден лик. Ниту тој знаел за мене, ниту јас за него. Луѓето ја проследија целата таа драма, а и Бака Прасе ме поддржа. Девојки, внимателно што зборувате, а момци — добро проверете, ако ви каже дека заминува за Истанбул, дали навистина е таму или е во Дубровник“, изјавил Симиќ.
Кога конечно ја откриле вистината, тој и другиот маж решиле да се сретнат и заедно да ја соочат.
„Не сакам некој да ме изигра, затоа што јас секогаш сум искрен. Не ја фатив на дело, но сум исклучително интуитивен — секоја лага со време излегува. Кога нешто не сум направил како што треба, никогаш не било од лоша намера. На крај се дозна сè, се сретнавме тој лик и јас, па ја дочекавме на пијачка. Тоа не беше одмазда, туку соочување. Кога затвораш едни лоши врати, секогаш се отвораат други“, додаде Иван.



