Иако многумина сметаат дека нема потреба да се користат средства за заштита од сонце со фактор над 30, сепак тие се покажаа како неопходни за заштита од штетните сончеви зраци како во летните, така и во пролетните месеци.
Различните кожи различно реагираат на сонце. Луѓето со потемна кожа генерално побргу потемнуваат и немаат некои позначајни проблеми со кожата, додека лицата со светла кожа се многу поосетливи и треба да внимаваат да не изгорат.
Како треба да се користат кремите за сончање
Треба да имате во предвид дека кремите за сончање треба да се нанесат околу еден час пред изложувањето на сонце, бидејќи е потребно одредено време за механизмот за заштита да се активира. Намачкајте ги внимателно сите делови на телото и на лицето.
Премини на следната страна >>