Која е вашата среќна боја според хороскопскиот знак?
Боите носат енергија, можат да ја зголемат вашата самодоверба и да ви дадат сила.
Боите носат енергија, можат да ја зголемат вашата самодоверба и да ви дадат сила. Доколку сакате да откриете која боја е среќна за вашиот хороскопски знак, погледнете во продолжение.
Овен: Црвена
Црвената боја им ја поттикнува страста, енергијата и иницијативата на Овните. Црвената бара внимание, а Овенот е знак кој не сака да биде игнориран.
Бик: Зелена
Свежата зелена боја ја подобрува врската на Бикот со природата. За овој знак, оваа боја претставува раст и напредок.
Близнаци: Жолта
Инспиративната жолта боја го поттикнува духот на Близнаците. Имитирајќи го топлото сонце, жолтата боја осветлува и разубавува многу работи околу себе.
Рак: Бела и сребрена
Светлата бела и сребрена боја ги поврзуваат Раковите со нивната интуиција и им пружат чист поглед кон светот. Овие бои ги зголемуваат чувствата и разбирањето кај Раковите, а исто така им овозможуваат да постигнат и длабока љубов.
Лав: Златна
Сјајната златна боја позитивно влијае на топлото срце на Лавот, зголемувајќи го неговиот позитивен дух. Оваа боја им го пружи на Лавовите вниманието кое му е потребно, поддржувајќи го неговиот оптимистички поглед кон животот.
Девица: Зелена и кафеава
Класичната кафеава и зелената боја им помагаат на Девиците да останат „со двете нозе на земја“ и фокусирани на напредокот. Во природата, зелената боја е боја на растењето, која пак ги поттикнува овие личности постојано да се стремат кон нешто подобро.
Чувајте се од шефицата родена во овој хороскопски знак, таа ги тренира вашите нерви >>
Вага: Розева и светло сина
Розевата и светло сината боја ѝ помагаат на Вагата да го отвори срцето. Овие нијанси донесуваат смиреност, а ја зголемуваат и рамнотежата.
Скорпија: Црна
Темната и мистериозна црна боја им помага на Скорпиите да останат љубопитни и фокусирани. Во западните култури црната боја е поврзана со раѓањето и смртта, зголемувајќи ја силата на Скорпијата и нејзината способност за трансформација.
Стрелец: Виолетова
Оваа боја ги поттикнува Стрелците да се свртат кон нивната филозофска страна. Како боја која се поврзува со изобилство, виолетовата ја зголемува природната среќа и позитивната страна на овие личности.
Јарец: Кафеава и сива
Овие бои им помагаат на Јарците да го пронајдат најдобриот и најпрактичниот пат во животот. Како комбинација на екстремното – црно и бело, сивата боја ја истакнува конзервативноста на Јарците и нивниот сериозен пристап кон животот.
Водолија: Сина
Смирената сина боја им помага на Водолиите да воспостават рамнотежа на својата немирна енергија. Токму како и небото и водата, со кои се поврзува Водолијата, сината боја претставува ширина и овозможува непрекинат проток на идеи, разговори и експерименти.
Риби: Светло зелена
Светло зелената боја ги поттикнува Рибите на поголема поврзаност со нивната свест.
На што треба да им завидувате на личностите кои се родени во знакот лав и вага >>