Реклама
MAMAКафе муабет

Среќата не ја сочинуваат пластичните операции, ниту пак торбата полна со илјадници евра

Реклама

Се раѓаме слободни. Немаме ништо. Ниту спомени, ниту сеќавања, ниту надежи. Ние сме како еден празен лист хартија.

Како што минуваат деновите, така го испишуваме нашиот дневник. Никој не вели како треба да се живее. Тоа се гледа. Нешто се копире од окружувњето. Некогаш насочуваат родителите. Некогаш сакаме да бидеме како нашите пријатели. Додека сме деца, сите работи изгледаат многу едноставно. Со растењето доаѓаат и компликациите. Човек настојува да се вклопи во некакви друштвени рамки со цел да биде прифатен од другите. Прави компромиси. Модерниот човек денес постојано е фокусиран на барање на среќата и на внатрешниот мир. Јога, медитација, исхрана, тренинзи, спа центри, вежби за самоконтрола, психолози и психијатри. Сите овие се лекови кои ги користиме со цел да ги намалиме последиците од она што не мачи, додека проблемите остануваат и понатаму.

Маркетинг

Луѓето денес се плашат да бидат поинакви. Трчаат за пари и мислат дека тие се гаранција за среќа и мир, а токму таа трка го создава целиот немир. На крајот од месецот платата не може да ја надомести празнината која се чувствува во градите. На крајот од денот парите не можат да го купат спокојот. Која е воопшто поентата да се помине животот работејќи нешто што не го сакаме, па да купуваме работи кои мислиме дека ќе направат да се чувствуваме подобро и дека ќе го намалат незадоволството?

Среќата не ја сочинуваат пластичните операции, совршениот изглед и вреќата полна со пари. Среќен може да биде и оној кој секој ден јаде леб со маргарин и мармалад наместо десерт. Среќен може да се биде и во тренерки кои ги носел поголемиот брат. Среќен може да се биде и на брегот од некоја река. Среќата не значи родендене во игротека, ниту огромна торта со фондан. За среќа не е потребен крем од 100 евра, ниту прескапи часови јога. Човекот си е потребен сам на себе, да се потсети кој сака да биде и каде сака да припаѓа. И тогаш ќе дојде вистинската среќа.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button