Среќата ќе им „навали“ од сите страни – три хороскопси знаци со драматични среќни промени овој викенд
Откријте со нас кои хороскопски знаци ќе имаат луда среќа овој викенд, која ќе им донесе драматични позитивни промени.

Овој викенд не е обичен календарски период за некои хороскопски знаци, туку време кога планетите ќе ве подготват за пресврти, изненадувања и емотивна генерација.
Сонцето и Меркур ќе бидат во хармоничен аспект со Јупитер што значи проширување, среќни прилики, можности кои доаѓаат на врата кога не ги очекувате.
Advertisement
Месечината ќе влезе во Близнаци и ќе направи конјукција со Уран, тоа е знак дека нешто необично, но значајно, може да се случи во еден миг. Потоа, Месечината преминува во Рак и ја носи емоционалната топлина, домаќинска атмосфера, благословите со блиските.
Ова е викенд на собирање, на разговори, на нешто ново што се раѓа. Затоа бидете подготвени, не само да примате, туку и да сознавате, да реагирате, да ги надоместите шансите што се покажуваат.
Сепак, среќата навистина „ќе им навали“ од сите страни на три хороскопски знаци. Еве кои се викенд-среќници.
БЛИЗНАЦИ – неочекувана покана што ќе ве возбуди
Зошто ќе скокате од среќа? Месечината влегува во вашиот знак и се сретнува со Уран што значи изненадувања, нагли пресврти и прилики што ќе се појават на начин каков што не сте очекувале! Доколку сте слободни, може да следува спонтано запознавање; доколку сте во врска – ќе ви се случи неочекувана романса или гест што ќе ве допре.
Во сабота попладне, би можеле да добиете телефонски повик или порака ос стар познаник што не сте го виделe со години. Тој/таа доаѓа со порака што „ќе ја смени играта“, може да добиете понуда за проект, патување или можност што ќе ве извади од ваша удобна зона, но на позитивен начин.
Затоа, бидете отворени за покани кои доаѓаат ненадејно, не отфрлајте ниту една понуда само затоа што изгледа спонтано. Овој викенд, спонтаниот чекор може да биде почеток на нешто големо.
РАК -блиските ви носат благослов и мир
Јупитер ја поддржува вашата семејна и домашна сфера, викендов е вистинско време за помирување со членови од поблиското или подалечно семејство со кои сте скарани. Сите емоционални потреби се исполнуваат. Месечината се преместува во вашиот емоционален дом, па доаѓа време на блискост, за разговори што долго сте ги одложувале, за длабоки емотивни пресврти.
Ѕвездите ви подготвуваат два настани – може да дојде до помирување со некој близок со кој сте биле извесен период емотивно оддалечени, или да добиете добра вест: неочекувана потврда од некој роднина, успех за некое ваше барање, или емотивен акт – порака, писмо, што ќе ве направи да се расплачете од радост. Домот, едноставно, ќе ви засветли, како да се оддувал темниот облак кој сте го носеле над покривот.
ДЕВИЦА – вашата компетентност ќе биде препознаена
Сонцето и Меркур се поврзани со позитивни аспекти со Јупитер, а вашето поле на работа/комуникација е активно, ова е одлично време за да се истакнете, да покажете што знаете и да добиете признание!
Очекувајте да се појави некој деловен повик – можеби нов клиент, можеби важна личност што ќе ве повика на состанок. Енергијата ќе ви биде на високо ниво и ќе бидете блескави во комункацијата. Не одбивајте понуда од страв од неуспех.
Ѕвездите ве советуваат да се подготвите – да бидете јасни кога комуницирате, да не се сопнувате на детали и воопшто да не се двоумите. Среќно!