Срцепарателно – тешко болниот Брус Вилис направи нешто што ќе ве расплаче (видео)
Обожавателите на актерот се трогнати од начинот на кој тој се однесува кон спасувачите за време на пожарите во Лос Анџелес.

Холивудскиот актер Брус Вилис (69), кој во последните години боледува од деменција, им се заблагодари на спасувачите кои се борат со тековните пожари во Лос Анџелес.
Неговата сопруга Ема Хеминг објави видео на нејзината инстаграм-страница. На црно-белите снимки се гледа како Брус комуницира со полицајци/спасувачи од Лос Анџелес. Се ракува, а потоа се фотографира со нив, облечен во јакна и фармерки а на главата има безбол капа.
„Кога и да забележал спасувач, Брус никогаш не пропуштил можност да ја покаже својата благодарност со срдечно ракување и „благодарам за услугата“. Вчера не беше исклучок“, напиша Ема на објавата.
View this post on Instagram
Advertisement
„Неверојатно е како некои работи можат да го активираат нашиот мозок“, „Ти благодариме Брус што ги препозна и им се заблагодари на нашите први одговорни-спасувачите.”, “Најдобрата личност на светот! Многу е убаво да го гледаш како се смее!”,-гласат дел од коментарите од неговите бројни фанови.