Срцепарателен настап – Росана се расплака на сцената, а Маријана од Австралија ѝ даде силна поддршка (Видео)

Емоциите ја совладаа пејачката Росана Сариќ Тодоровска при настапот на фестивалот „Макфест“, откако на сцената се појави без својата долгорочна музичка партнерка и сестра близначка Маријана Новачевска, која деновиве престојува во Австралија.
Дуото Маријана и Росана беше вистински бум на македонската естрада во 1980-тите и во 1990-тите години, а нивните хитови и денес се неизоставен дел од репертоарот на македонските слушатели. Близначките, иако со години разделени физички (Маријана живее во Австралија) и географски, остануваат блиски и поврзани како некогаш кога живееја заедно.
На 40-годишниот јубилеен „Макфест“, Росана ја имаше тешката задача сама да ја испее баладата „Признавам“. Во текот на емисијата, додека настапуваше без Маријана, камерата фати моменти кога артистката не можеше да ја задржи емоцијата и се расплака.



