Србите направија хаос, по Монголката, сега Германец ги претставува на Мис Универзум – важно е потеклото
Контроверзии на изборите за убавина во Србија, после Монголката, сега Германец, ама по срце „Србин“ ќе ја брани српската чест на Мистер Универзум 2025.

По скандалот околу „Монголката“ која ќе ја претставува Србија на изборот за Мис Универзум (Miss Universe 2025), јавноста повторно е во шок, овојпат поради машкиот претставник. Србија на престижниот избор за Мистер Универзум (Mister Universe 2025) ќе ја претставува Германецот Иве Сен Унсер.
Тој е професионален модел со повеќе од десет години искуство на европската и американската модна сцена.
View this post on Instagram
Иако е роден во германскиот град Ра́штат, Унсер на официјалните страници на натпреварот истакнува дека со гордост го носи српското потекло, што му овозможило да ја добие титулата „Мистер Србија“.
Тој се опишува како самостоен претприемач со страст кон личниот развој и екстремните спортови, човек кој отсликува дисциплина, издржливост и елеганција.
Според организаторите, Унсер „е повеќе од натпреварувач, тој е симбол на храбар карактер, лична посветеност и неограничена амбиција“. Во својата кариера Унсер се појавил во кампањи на реномирани модни брендови како Адидас и Дизел, а чекорел и по модните писти во Њујорк и Лос Анџелес. Тој е активен член на европските агенции Ист-вест моделс и McFIT моделс, и често се појавува на меѓународни модни настани.

„Моите корени се азиски, мојот пасош е српски, но мојата мисија е универзална: да покажам дека убавината денес значи поврзаност, а не поделба,“ изјавил Унсер во пресрет на натпреварот, предизвикувајќи нови реакции во српската јавност.
Овој избор доаѓа само неколку дена по откритието дека Србија на „Miss Universe 2025“ ќе ја претставува манекенката Јелена Егорова, девојка со монголско и татарско потекло, родена во Јакутск, Русија. Егорова, која дипломирала криптоекономија на Московскиот државен универзитет и глумела во филмот „Песни на летото“, стана центар на медиумското внимание откако се појави со титулата „Мис Србија“, иако во родната земја речиси никој не слушнал за неа пред тоа.
View this post on Instagram
Двата избора отворија голема јавна дебата за тоа што значи да се биде национален претставник во вакви глобални натпревари. Дел од јавноста ги брани кандидатите, велејќи дека „Србија покажува модерен и космополитски дух“, додека други сметаат дека ваквите одлуки ја поткопуваат културната и националната автентичност на земјата.
Сепак, и покрај контроверзиите, и Егоровa и Унсер се подготвуваат за настап на големата сцена во Тајланд во ноември 2025 година. Додека едни го гледаат тоа како „ново лице на Србија во светот“, други велат дека ова е потсетник дека границите меѓу нациите и убавината одамна се избришани.
На крајот, можеби вистинското прашање не е кој потекнува од каде, туку кој со гордост ќе ја претстави Србија на светската сцена и ќе покаже дека убавината, талентот и амбицијата немаат граници.



