Секс

Девојки, ноември е, заборавите на восокот – срамните влакненца повторно се во мода!

Advertisement

Средувањето на интимната зона како да излегува од мода, доказ за што е фактот дека се помалку девојки се подвргнуваат на вакви зафати, а патем и претставниците на посилниот пол потврдија дека повеќе сакаат природен изглед.

Advertisement

Природно си е природно!

Според истражувањето на „UK Medix“, 51 процент од жените не прават дополнителни козметички зафати во интимната зона, а 45 отсто велат дека им е здосадено да се депилираат. Новина е и тоа што 62 проценти од нив изјавиле дека на нивните партнери тоа воопшто не им пречи.

Интересно е што овој тренд е присутен и кај познатите дами. Па така Гвинет Палтроу вели дека е кул да се биде рокер таму доле, како и Лејди Гага која неодамна бараше кукла со многу срамни влакненца која што ја промовираше на нејзината турнеја.

Advertisement

Инаку, и Беверли Тарнер во нејзината книга „Како да бидете жена“, вели дека смелите дами се почесто го избегнуваат болното отстранување на влакненцата.

„Сите жени не сакаат да бидат ќелави порно диви“, напиша таа во нејзината книга во која објаснува дека потребата жените целосно да ги отстрануваат влакната од интимните делови доаѓа од порнографските содржини, каде девојките најчесто се депилирани, па младите мислат дека треба да изгледаат како во филмовите.

Па девојки доколку сакате да направите промена во вашите животи, еве еден интересен и лесен начин како да го направите тоа, дополнително земајќи го во предвид и тоа дека е ноември, месецот на мустаќите, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button