Реклама
MAMAКафе муабет

Олеснување за идните мајки: Според старите, овие знаци упатуваат на тоа дека сте бремени со девојче

Реклама

Драги идни мајки, забавувајте се со овие стари верувања и приказни кои потекнуваат од нашите баби, па откријте ја најголемата трудничка тајна: Кој пол е вашето бебе?

ФОТО: aleteia.org

Секако, овие се само верувања кои се пренесувале од колено на колено, но добро е да ги погледнете и откако ќе ви потврди лекарот да се уверите дали се вистинити или не.

Уживајте!

Маркетинг

Кожа на лицето

Ќерката ја краде убавината на мајката – велат старите, а ако во бременоста ви се појават акни, постои веројатност дека ќе добиете една мала принцеза.

Округло лице

Доколку вишокот килограми прво ви се забележуваат на лицето, најверојатно носите девојче. Трудницата на која на почетокот на бременоста постојано ѝ е студено, носи девојче – велат нашите баби.

Маркетинг

Мачнини

Идните мајки на девојче обично ги паметат трудничките денови по честите и тешки утрински мачнини.

Облик на стомакот

Доколку бебето е сместено „високо“, а стомакот се шири и се гледа од грбот, бавите велат дека тоа е знак дека носите девојче.

Избор на храна

Дали уживате во слатките работи, а лимонот го обожавате? Доколку одговорот е „да“, тогаш очекувајте мала принцеза!

Нежни раце

Меките и нежни раце упатуваат на тоа дека носите девојче.

Емотивност

Доколку поминувате низ многу промени на расположението, очекувајте ќерка.

Изглед на дојките

Забележувате дека десната дојка во бременоста ви е поголема или дека брадавиците ви се темни? Тоа упатува дека ќе добиете ќерка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button