Реклама
MAMAДом и семејство

Според фенг шуи, ова НИКАКО не смее да стои во спалната соба зашто ви го нарушува сонот

Реклама

Доколку спиете лошо или имате коѓмари, најверојатно имате лош распоред во спалната соба.

ФОТО: decorist.com

Спалната соба би требало да претставува оаза на мирот и спокојството, место каде што ќе се одморите и физички и психички и ќе ја обновите својата енергија. Затоа, истата соба мора да биде уредена во скалд со тоа, истакнуваат експертите за фенг шуи.

Според тоа правило, некои работи се апсолутно вишок во сплната соба, можат да ја пореметат рамнотежата на енергијата и да влијаат лошо на вашата ментална состојба, расположение и квалитетен одмор и сон.

Маркетинг

Премногу зеленило

Иако живите билки се многу пожелни во животниот простор, не би требало да претерувате, затоа што фенг шуи налага дека тие може да емитуваат одредени фрекфенции на енергија која може да ви го поремети сонот. Се советува да имате една, најмногу до две билки во собата во којашто спиете.

Непријатни и силни мириси

Местото на кое спиете на некој начин мора да го изолирате од мириси, како мирис на влага, мирис од кујната или разни хемикалии со кои сте ја чистиле куќата, па и разни јаки парфеми. Се советува добро да ја проветрите собата пред спиење.

Маркетинг

Премногу работи во спалната соба

Според фенг шуи експертите, во спалната соба НИКАКО не би требало да натрупувате разни работи и мебел. Вишокот работи ја одземаат енергијата, и на физичко и на емоционално ниво и создава потешкотии и тегоби, а често може да се случи да се појави и чувство на осаменост и меланхолија пред спиење. Затоа, минималистички уредете ја вашата спална соба.

Складиште под креветот

Просторот под креветот многумина го користат за сокривање на вишок работи, но тоа никако не е добро. Многуте работи под местото на кое спиеме емитуваат лоша енергија и може да влијаат неквалитетно и да спиете лошо, а исто така може да предизвикат и прерано будење и лоши соништа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button