Реклама
MAMAКафе муабет

Искрени се и не поднесуваат лага: Според Чехов, културните луѓе ги имаат овие карактеристики

Реклама

„Животот има свои услови, а за да човек биде прифате помеѓу образовани луѓе, мора да биде културен“, препорачува Антон Павлович Чехов, во писмо упатено кон својот помлад брад, набројувајќи ги условите кои ги исполнуваат културните луѓе.

ФОТО: marieclaire.co.uk

1. Културните луѓе почитуваат се’ околу себе и затоа секогаш се љубезни, внимателни и спремни да им помогнат на другите.

2. Тие сочувствуваат со сите, а не само со просјаците и мачките. Се грижат за она што не се гледа и спремни се да се жртвуваат за да им помогнат на луѓето околу себе.

Маркетинг

3. Ја почитуваат својата сопственост и затоа секогаш ги враќаат долговите.

4. Не се понижуваат со цел да предизвикат сожалување. Не играат на картата чувствителност за да добијат внимание. Не користат евтини и вулгарни трикови и никогаш нема да ги слушнете да изговорат реченици како „Мене никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“.

Маркетинг

5. Ако поседуваат одреден талент, тоа особено го ценат. Неретко поради својот талент ја жртвуваат романтиката, излегувањето. Горди се на тоа, но и многу посветени.

6. Културните луѓе имаат развиено чувство за естетско. Не одат на спиење во облека и ја одржуваат чистотата на животниот простор. Водат сметка за тоа да ги контролираат своите природни нагоини и во спротивниот пол да не гледат само сексуален објект. Тежнеат кон оригиналност, отменост, човечност и се диват на мајчинските чувствва. Не се опијануваат, туку пијат алкохол само во посебни прилики. Се држат до тоа – во здраво тело, здрав дух.

7. Искрени се и не поднесуваат лага. Не лажат дури ни кога се во прашање ситници, затоа што со лагите сметаат дека ги навредуваат и ги понижуваат слушатените.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button