LIFESTYLEХороскоп

Спомените ми се во родното место, но таму не гледам просперитет – во место каде што секоја втора куќа е празна

Advertisement

Имам многу спомени од моето родно место. Таму ги имав моите први симпатии, таму научив што е болка, но и што е љубов. Во моето родно место научив многу вредности кои денес ме градат како човек. Но, во текот на моето растење сфатив и уште една работа: Таму не можам да го продолжам моето надоградување, не гледам просперитет.

482836754

Не гледам просперитет во место каде што секоја втора куќа е празна, а секој месец се затвора нова продавница. Не гледам напредок таму каде што повеќе не се гради, а младите бегаат во туѓина.

Advertisement

Моето родно место ми буди многу сеќавања и емоции. Секогаш со жал се присетувам на сите детски игри поминати на улиците каде што се слушаше детскиот џагор и каде што родителите работеа наутро, а попладне се правеа седенки, се пееја песни и се остануваше до доцна навечер.

Сега ги нема маалските собиранки, зашто младите коишто останаа се презафатени работејќи од утро до мрак, а повеќето се отселија, барајќи подобри услови за себе и за своите поколенија. Го сакам мојот роден крај кој мириса на љубов, но не гледам раст и поттик за чекор понатаму.

Ја носам во себе сета љубов кон него, но морам да продолжам, морам да излезам од границите каде што никој ништо не ми ветува…

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button