За што ви служи Фејсбук?
Мене за забава. Или да видам што прават моите пријатели. Да се насмеам, да комуницирам со некој од нив. И токму затоа навистина не можам да се начудам на сите оние што го споделуваат статусот кој започнува со „Глуп карцином“ .
„Глуп карцином… Некои од нас сакаат нова куќа.. Нов автомобил.. Нов мобилен телефон, да ослабат, да најдат нова работа… Но оние кои се борат со карцином сакаат само едно – да ја добијат битката. За жал 97 % од моите пријатели нема да го реобјават овој статус на својот Фејсбук но 3 % ќе го направи тоа. Ве молам да го копирате ова во чест на оние што ја изгубиле борбата со оваа болест или на оние кои во моментов се борат… Ете… Јас сум меѓу тие 3 %.“
Браво! На секоја човек што е во тие 3 отсто јас му симнувам капа и му се поклонувам до земја. Сигурен сум дека меѓу нив има и од оние што имаат некој болен или го изгубиле. Но токму затоа не можам да ги разберам. Зошто го правите тоа? Каква чест на покојните или болните луѓе со порака што ја споделувате преку социјалните мрежи, СМС, преку Вибер? Каде ни е здравиот разум?
Секогаш кога ќе видам ваква порака се прашувам дали тоа има некаква врска со пријателите што ги познавам, или со пријателите и роднините на моите пријатели, а кои починаа од рак. Па нема никаква, нели? Тоа едноставно нема никаква врска со проценти, а уште помалку со еден глупав статус на Фејсбук. Многу подобро е во чест на болните или умрените почесто да одите на редовни прегледи. Или ако верувате во Господ, да отидете во црква, да се помолите за нив и да запалите свеќа. За нивното здравје или за душата на покојните. Можете и да станете подобри луѓе во нивна чест, а ако се живи појдете им на гости, раскажете им нешто смешно, или ако не се меѓу живите, отидете до нивниот гроб, ставете им цвеќе и повторно кажете им нешто смешно. Потоа слободно исплакајте се, но не ставајте го тоа на социјалните мрежи.
Бидејќи на социјалните мрежи се и реалните луѓе кои можеби во моментот им опаѓа косата, имаат рани, повраќаат, им ги превиваат раните по операциите, семејство кое се гуши во солзи од грижа за некој нивен болен… Да, и со надеж дека ќе бидат излечени. Да, заболените од рак се на социјалните мрежи и навистина се сомневам дека ќе им помогне со тоа што ќе дознаат дека 97 % од луѓето нема да го споделат вашиот статус, а три отсто ќе го направат тоа. Па зарем тоа ќе им помогне?! Наместо тоа ако имате некој болен во близина не заборавајте дека поддршката од најблиските или од семејството е најважно во тие моменти. Тоа значи дека со нив треба само да зборувате, да јадете заедно, да изгледате филм, да им ја наместете перницата, да ги гледате и слушате.
Па, дали го можете тоа? Или едноставно, полесно ви е да кликате и да ги копирате овие статуси?
Извор: Noizz.rs