Нов тренд во светот на убавината и шминките: Како да направите спирален ајлајнер
Научете како да го направите популарниот спирален ајлајнер, кој е толку впечатлив што вниманието на сите ќе биде насочено кон вашите очи!
Најновиот тренд кој е насекаде на социјалните мрежи е таканаречениот спирален ајлајнер. Иновативна метода на шминкање која е омилена кај познатите бјути блогерки. Иако на прв поглед изгледа доста компицирано, овој изглед се постигува многу лесно. Се што ви е потребно е основен црн ајлајнер и неколку во боја по ваш избор.
Најпрво го нанесувате црниот со кој правите една тенка линија. Потоа таа линија се здебелува, а околу неа со ајлајнерот кој е во бја правите спирала, односно мали полукругови.
{youtube}ESxQRmNtQ_g{/youtube}
Погледнете ги овие две видеа каде можете да видите како да ги нацртате овие спирали, односно мали полукругови, на вашите веѓи.
https://www.instagram.com/p/BJ4DJHkBVdt/