Огласи
Наши ѕвезди

Спасен со трогателна порака за починатиот Андреј од ДНК – неговите зборови нема никогаш да ги заборави

Пејачот Спасен Сиљаноски се огласи, неговата порака за Андреј од ДНК натажи многумина

advertisement
advert

Пејачот Спасен Сиљаноски сподели едно старо видео на кое е и починатиот музичар од „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески.

Но покрај снимката, Спасен сподели и трогателна порака која никого не остави рамнодушен, а во која зборув а тоа каков човек бил Андреј.

Имено познатиот фолк-пејач се присети на еден настан на кој дошол и Андреј и како кога запеал ги кренал сите на нозе.

реклама

Принтскрин/ Фејсбук

Но пред да дојде, тој му се јавил на Сиљаноски и му кажал дека сака да дојде кај него на неговиот настап.

Ова го изненадило Спасен, па тој го прашал што бара на негова свирка, бидејќи најверојатно нема да му се допадне затоа што тој е урбан тип, а не фолк, Андреј му го кажал следново:

Марpкетинг

„Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…“ пишува Спасен во својата објава што ја сподели на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Инстаграм

Целата порака прочитајте ја во продолжение, како и видеото во кое Андреј ја пее една од најпознатите песни на „ДНК“.

Станува збор а песната „Ако утре ме е нема“, во која покрај Андреј и Панчо и екипата од ДНК, се појавува и оркестарот на Џамбо Агушев, но и Тони Михајловски и неговиот син Александар, пејачите Наум Петрески, Миле Кузмановски, Спасен Сиљаноски, Цаки Кисми, Васко Тодоров попознат како Тошо Малерот, Гоце од Синтезис, братот на Андреј и уште многу други.

Принтскрин/ Фејсбук

„Насловот на песната ‘Ако утре ме нема’ е симболичен, бидејќи животот стана многу неизвесен и не знаеме утре што ќе биде. Се надевам дека доста ќе се слуша и ќе донесе добро расположение“, изјави Панчо по промоцијата на песната што ја снимија и објавија пред речиси цели три години, а која сега, по смртта на седум члена од бендот, нивните пријатели, но и цела Македонија ја слуша со насолзени очи и во шок и неверување од сето она што се случи вчера.

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button