Наши ѕвезди

Спасен Сиљаноски се пофали со своето богатство – на вистинските гурмани им течат солзи од ова

Еве зошто животот на село вреди богатство

Advertisement

Спасен многу пати истакнал дека ја сака природата и мирот што таа го нуди, а на прво место отсекогаш му било семејството.

Нашиот позна фолк-пејач Спасен Сиљаноски досега повеќе пати има истакнато дека најубаво му е кога е на село.

Advertisement

Тој секогаш кога има слободно време сака да се тргне од градската бучава и во својот роден крај го пронаоѓа својот мир.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

И ова не е никаква тајна, бидејќи Спасен редовно споделува снимки на социјалните мрежи од овие свои почивки.

Имено, неговите родители живеат во Пополжани, село во близина на Кичево за кое Спасен вели дека е најубавото место на светот.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Вистинските гурмани плачат од среќа кога ќе видат и помирисаат нешто вавко

И тој ова свое парче мир никогаш не би го заменил за ништо во животот, а сега сподели и една фотографија која во градска средина речиси и да нема шанси да ја видите, а од која кај многумина ќе им потечат лиги.

Станува збор за фотографија на која се гледа како се пушат колбаси, обесени над шпорет на дрва на која се грее вода.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Ова може да предизвика и носталгија кај некои, а Спасен уште еднаш покажа каде животот навистина изгледа вкусно.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме, Спасен е еден од најпознатите фолк-пејачи, но оние што го познаваат за него велат дека е многу скромен човек.

Тој досега многу пати истакнал дека ја сака природата и мирот што таа го нуди, а на прво место отсекогаш му било семејството.

Инстаграм/ Спасен Сиљаноски

И како што самиот вели, има прекрасна сопруга и две дечиња, кои од мали нозе ги учи да ги ценат вистинските вредности.

„Пораснат сум во традиционално семејство кое ги почитува традиционалните културни вредности. Среќен сум кога одам дома и кога има кој да ме пречека и испрати. Среќен сум кога ќе ме разбудат во 7 сабајле моите дечиња“, раскажа Спасен во една пригода, потенцирајќи дека за него семејството е најголемо богатство во животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button