Наши ѕвезди

Спасен Сиљаноски повторно се огласи – Јас се борам за македонската музика, за моите колеги (видео)

„Никогаш нема да завиткам кичма и да правам есап на сметка на културните интереси“, вели Спасен

Advertisement

Роштилиљада или гроздобер, прашање е сега

По реакцијата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во врска со претходна објава на Спасен Сиљаноски, фолк-пејачот вечерва повторно се огласи на сојот профил на социјалните мрежи.

Advertisement

Градоначалникот претходно го покани Спасен да дојде во Кавадарци и да му даде одговор на неколку прашања, истакнувајќи дека е навреден што Сиљаноски ја споредил манифестацијата со рошдиљијада, истовремено прашувајќи го колку гости би донел тој во градот.

По реакцијата на градоначалникот (види тука), повторно се огласи Спасен, овој пат со видео што одеше во живот .

Advertisement

Се обиде на понижен начин да ме омаловажи мене, но и македонскиот народ, со внесување на невистини, вели Спасен на почетокот од своето обраќање, за потоа да ги спомене и пејачите од соседството .

Принтскрин/ Фејсбук

„Не ги навредив ниту со еден збор ѕвездите што ќе дојдат од Србија, ниту пак во еден момент сум ја навредил вашиот и нашиот гроздобер со тоа што сум ја нарекол роштиљијада, а всушност вие правите Кавадарци да биде како Врање“, вели пејачот во своето обраќање, прашувајќи го господинот Јанчев дали е градоначалник во град во Македонија или во некој град во соседна Србија.

Принтскрин/ Фејсбук

„Некој ако дојде од странство и не знае што се случува, ќе помисли дека дошол на роштиљијада во Лесковац“, вели Спасен.

Спасен потоа во своето обраќање потенцираше дека градоначалникот ги омаловажува македонските интерпретатори и македонската музика, а не тој дека омаловажува ѕвезди од соседството, бидејќи сепак станува збор за манифестација во Македонија.

„Обидувајќи се да ме понижите мене, вие ги пониживте сите мои колеги“, вели Спасен во своето обраќање.

Целото видео погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button