Спасен распали по колегите и колешките, ја спомна и Библијата – Подарете, но не ги понижувајте!
Ова го извади од памет, па удри жестоко
Спасен Сиљаноски без влакна на јазикот распали по колегите
И додека едни ќе се пронајдат во зборовите на познатиот пејач, многумина го поддржаа и коментираа дека е потполно во право.
Имено, Спасен Сиљаноски кој често знае без влакна на јазикот да коментира најразлични работи од нашето општество, овој пат „распали“ по своите колеги и колешки, но и сите останати што на еден ваков начин се промовираат самите себеси.
Спасен и покрај своите бројни обврски успева да најде време и да биде во тек со настаните што ни се случуваат, но овој пат на својот Фејсбук не штедеше зборови првенствено за своите колеги и колешки.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Познатиот пејач го искажа своето мислење за сите оние што овој период од годината го користат за промоција на самите себеси со подарување на новогодишни пакетчиња, а притоа цитираше и еден стих од Библијата, поврзан токму со хумансоста на луѓето.
Еве што напиша пејачот и зошто многумина ги коментираат овие негови зборови на социјалните мрежи:
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„И повторно истата приказна секоја година со подарувањето на новогодишни пакетчиња. Убаво и благословено е да се помага на сиромашни но тоа да не се злоупотребува за маркетингшки цели. ПОДАРИ А НЕ ПОНИЖУВАЈ. Нема потреба да се фотографирате со тие на кои што им подарувате…Со тоа само ги понижувате. Еве што пишува во Библијата токму за тоа“, напиша Спасен на својот Фејсбук профил, а потоа додаде и неколку реченици од Библијата:
„Ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостина во тајност; и тогаш, твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“ напиша Спасен предизвика бројни реакции.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Еве што мислат и некои негови фанови…
„Јас на многу нешта сум помогнал не некој си суми онолку колку што можам кај што мислам дека е најпотребно и никогаш не се фотографирам ова јавно го кажувам само оние знаат колку толку сум помогнал и во иднина ќе помогнам се кај што е потребно“.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Убаво кажано до детаљ е така, секоја чест за оваа објава“.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Убаво кажал нашиот Бог. Ама ние ништо не гледаме ниту слушаме“.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Ако за секоја услуга бараш противуслуга, тогаш не си подарил туку си продал“
„Сосема точно и исправно. Браво Пријателе. Камо среќа , не мора сите, барем половината да мислат како тебе и да се слични на тебе. Поздрав“, беа само дел од коментарите под објавата на Спасен.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Па, дали се согласувате со Спасен?