Спасен пее со солзи на очите во сопствениот дом – ваков домаќин еднаш се раѓа, гостите воодушевени
Мераци за душа...

Не сте го виделе во вакво издание
Познатата водителка и пејачка Адријана Алачки сподели една снимка која веднаш стана вирална на социјалните мрежи.
Имено, таа сподели видео направено во куќата во која живеат родителите на Спасен Сиљаноски, нејзиниот колега од Везилка.

Принтскрин/ Фејсбук
Спасен деновиве имаше слава, на празникот Пречиста Богородица, па ка општо и самиот вели, не бива слава без песна.
Тие седат на маса на која има најразлични јадења, во поприлично весело расположение, а атмосферата го доживеа својот врв кога Спасен ја зеде хармониката и запеа заедно со татко му.

Принтскрин/ Фејсбук
Видно расположен ги забавуваше гостите, а покрај него седеше неговиот син, но и пејачот Дамјан Стојаноски со сопругата.

Принтскрин/ Фејсбук
Веселбата, песната и позитивната енергија траеше до доцна во ноќта, а гостите беа воодушевени од позитивната атмосфера.
Цела вечер се славеше од срце, гласно и искрено, а како што забележаа и во коментарите многумина, Спасен и овој пат пееше со солзи на очите, понесен од преубавите емоции и преголемиот мерак.

Принтскрин/ Фејсбук





