Спасен никогаш ПОЕМОТИВЕН, сподели фотографија од семејната куќа во Пополжани со неговите родители
Познатиот пејач сподели фотографија на кој е со своите родители, а напиша и емотивна порака

Познатиот пејач подели весела порака
Нашиот познат фолк-пејач, Спасен Силјаноски, во последно време често е активен и на социјалните мрежи.
Тој речиси секојдневно споделува снимки и фотографии, а сега со една своја објава ги разнежи своите бројни следбеници.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Имено, Спасен сподели фотографија на која е со неговите родители, па јавно му го честита роденденот на својот татко.
„Среќен роденден Супермену мој“, напиша Спасен во описот на фотографијата на која неговиот татко Зоран Силјаноски држи торта со свеќички во форма на бројот 70, а со нив е и синот Арсениј и мајка му Јагода.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
За разлика од многу негови колеги, Спасен често знае да сподели детали и од својот приватен живот, а никогаш не криел дека му е најубаво кога со семејството ќе има време да го посети родниот крај.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тој потекнува од кичевското село Пополжани, каде и денес многу често оди со својата сопруга и нивните две деца.
Спасен тоа го покажа и неодамна кога се врти од турнејата во Австралија и веднаш го посети својот роден крај.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Колку среќен беше Спасен и тогаш погледнете во продолжение, а во текстот што следува откријте што вели тој за ова место.
Сакам да шетам по Пополжани, го обожавам селото од кое што потекнувам – искрено со Спасен Силјаноски
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски