Спасен Сиљаноски во прегратка со голема српска ѕвезда – пејачот ги изненади сите, што ли се случува?!
Нашиот познат пејач објави фотографија со големата ѕвезда и го запали интернетот
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски ги изненади сите кога објави заедничка фотографија со српскиот режисер Драган Бјелогрлиќ.
Но покрај тоа што ги изненади своите фанови, тој многумина остави и во исчекување затоа што врз фотографијата напиша „Наскоро“.
Потсетуваме, Бјелогрлиќ е режисер на серијата „Сенки над Балканот“ чија трета сезона треба да започне да се снима наскоро.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Станува збор за една од најпопуларните серии на овие наши простори, а новата сезона, како што откри Бјелогрлиќ, започнува со периодот од 1939 година, непосредно пред започнувањето на Втората светска воја, кога Милан Стојадиновиќ распишува избори, многу важни избори за тогашна Југославија, избори на кои што тој ќе победи, но нема да дојде на власт, туку ќе го наследи принцот Павле.
Па, дали изненадувањето што Спасен не го открива во моментот некако е поврзано со овој проект на режисерот или пак со нешто друго, пејачот за сега не го открива, но неговите бројни обожаватели беа пријатно изненадени од фотографијата.