Спасен ги спакува куферите и ја напуштија Македонија – фолкерот ужива, оваа убавица му прави друштво
Пејачот со семејството ужива во празничното патување
Познатиот пејач Спасен Сиљаноски и неговата сопруга Ана го искористија овој продолжен викенд пред новогодишните празници и заедно со нивните дечиња заминаа во посета на Загреб.
Тие таму сите заедно уживаат во празничната магија, а моментите од ова преубаво место ги споделија на социјалните мрежи.
Фолкерот сподели и една фотографија со која се пошегува, а која што ја направи пред штандот на кој пишува ракијарница.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Добро е кога човек знае каде припаѓа и каде му е местото“, напиша Спасен во шега под следната фотографија.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Фотографии објави и сопругата на Спасен, Ана Сиљаноска, на кои таа е со нивните најмили кои блескаат од среќа.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тие уживаат во празничната атмосфера која владее во центарот на градот, а најинтересните детали од патувањето Спасен ги сподели со фановите на социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тој редовно споделува фотографии и снимки од кои може да видиме колку ужива кога е со своите најблиски.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Впрочем тоа го направи и неодамна кога сподели снимка од куќата на неговите родители во Пополжани, кога исто така воодушеви.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тогаш го покажа и својот најверен пријател, шарпланинецот Оскар со кого ужива да си игра кога е во родното место.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Повеќе за тоа како изгледа неговиот дом во Пополжани, погледнете тука…