Преку лето нема подобар освеѓителен оброк од оној што можете да го направите без да го вклучувате шпоретот. Традиционалната андолизискиа супа од свеж зеленчук може да биде едно од најдобрите решенија.
Гаспачо (Gazpacho) е традиционална супа од југот на Шпанија која се подготвува од свежи домати и друг свеж зеленчук. Оваа супа ја поттикнува работата на плунковната жлезда, а служи како одличен гастрономски аперитив во текот на летото. Токму и затоа таа може да се послужи во чаша за ракија која можете да ја „дрмнете“ пред главното јадење.
Состојки за супа (за 4-6 луѓе):
· 1 кг свежи домати
· 2 свежи краставици
· 2 парчиња стар леб, без кора
· 1 помал кромид
· 2-3 чешниња лук
· 2 големи зелени бабури
· маслиново масло
· неколку капки оцет
· сол и црн бибер по желба
Подготовка:
Ставете го лебот во малку млеко додека не омекне, потоа истурете ја течноста па ставете го во блендерот. Добро измијте ги доматите, отстранете им ја лушпата и семките, исечете ги на коцки и ставете ги и нив кај лебот. Излупете ги краставиците, исчистете ги од семки, доколку имаат, исечете ги и нив на коцки и ставете ги во блендерот па додадете го исечениот кромид, пиперките и лукот, и се убаво мешајте во блендерот додека да добиете густа смеса. Зачинете со маслиново масло, оцет, сол и црн бибер по желба.
Супата треба добро да се излади, односно да отстои барем еден час во фрижидер, пред да ја послужите.
Послужете со свеж зеленчук и потпечен леб.
Пријатен апетит!
фото:Stockfood