Спанаќот е богат со витамини и хранливи материи, како што е витамин К, фолна киселина, бета-каротин, лутеин.
Едно ново истражување спроведено од научници во Чикаго вели дека една порција спанаќ на ден, може да ве спаси од деменција. Тие ја ценеле исхраната и менталните способности кај 950 возрасни луѓе во текот на десет години. Учесниците на просечна возраст од 91 година биле подложени на 19 теста за оценување на нивната физичка и психичка функција, а одговарале и на прашања каква храна и пијалоци консумираат. Резултатите покажуваат дека оние кои јадат зелен зеленчук како спанаќ и зелка еднаш или двапати дневно покажале подобри когнитивни вештини.
Научниците земале предвид и други фактори како ниво на образование, спорт и фамилијарна историја за деменција. Така тие откриле дека јадењето на зеленолистниот зеленчук секојдневно го забавува стареењето на мозокот во просек за 11 години.