LIFESTYLEПатувања

Воздушна бања во срцето на природата, на подножјето на планина Стогово – достапни цени, бајковит амбиент и традиционална чинија со вкусови од детството

Барате место за бегство од градската врева и метеж? Ви препорачуваме совршено катче за планински одмор.

Advertisement

Сместено во подножјето на планината Стогово, во селото Ехлоец кај Кичево, „Куќаре на планина“ е место каде што времето забавува, убавината ја прегрнува душата, а природата зборува со полн здив.

фото – приватна архива

На надморска височина од 1040 метри, овој семеен планински комплекс претставува совршено прибежиште за сите кои сакаат да избегаат од градската врева и да се поврзат со тишината и убавината на македонските планини.

Advertisement
фото – приватна архива

Комплексот располага со три апартмани со вкупен капацитет за 13 лица, каде секој гостин може да го почувствува вистинскиот дух на руралниот туризам. Преноќувањето чини 2000 денари по апартман, без разлика дали престојуваат 3 или 4 лица, а викендите се резервирани за традиционална македонска трпеза во ресторанот кој работи само во сабота и недела.

Koсопственичката Марија Пејоска ја споделува својата инспиративна приказна за тоа како едно семејно катче создадено од љубов кон природата и традицијата прераснало во оаза на мир и автентично искуство за сите посетители.

Како се роди идејата за создавање на „Куќаре на планина“ и што беше вашата инспирација зад овој проект?

– Како големи љубители на природата, посакувавме да создадеме свое мало катче во кое најнапред ние самите ќе можеме да уживаме и да се одмораме од градскиот метеж.

Advertisement

Идејата на почетокот беше тоа да биде наше приватно прибежиште, место за мир и тишина за двете фамилии кои сме по потекло од Кичево.

Со текот на времето, преку многу труд и љубов, го изградивме просторот и создадовме апартмани за преноќување, кои решивме несебично да ги споделиме со сите вас, за да уживате во оваа убавина.

Татко ми, како голем љубител на храната, ја донесе идејата да оформиме и мало ресторанче со исклучиво македонска традиционална храна. Сето ова го создадовме за да ги задоволиме сите сетила на нашите гости.

фото – приватна архива

Комплексот е наменет за вљубеници во природата и планините, што го прави ова место посебно и различно од другите сместувања во рурална Македонија?

– Секоe место од нашата Македонија е посебна на свој начин, благодарение на прекрасната природа што ја поседуваме. Верувам дека руралниот туризам станува сè поважен во ова современо време на забрзано живеење. Како млад човек, настојувам што почесто да бидам во Куќаре на планина, каде се чувствува вистинскиот мир. Најпосебниот момент за нас се токму гостите – кога ќе дојдат, ќе се одморат, ќе ја вкусат домашната храна и ќе си заминат насмеани и задоволни. Тоа е најголемата награда за целиот труд.

фото – приватна архива

Кои локални, мијачки, специјалитети ги нудите на гостите и кои најчесто ги воодушевуваат?

– Голем дел од менито се состои од домашни специјалитети, приготвени со многу љубов. Иако менито не е големо, внимателно е составено за да може секој гостин да вкуси по нешто од сè што нудиме.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Во зимскиот период го прилагодуваме изборот на сезонските намирници. Би ги издвоила „валагушките“ – мијачки збор за питулици намрсени со сирење, како и бакрданот, кој е омилен избор за доручек. Овој период особено се издвојуваат домашниот ајвар и овчото сирење кое го набавуваме од планината Стогово.

Какво искуство сакате гостите да доживеат преку овој концепт?

– Најважно за нас е гостите да се почувствуваат добредојдени, како дома. Сакаме да уживаат во визуелниот концепт, во мирот што владее, во чистиот планински воздух и во вкусот на домашната храна. Нашата најголема цел е тие да си заминат среќни, најадени и одморени, а ние со радост ќе ги чекаме повторно.

фото-приватна архива

Комплексот нуди и активности како возење со четирицикли низ планината. Колку гостите се заинтересирани за вакви авантуристички доживувања и што друго може да се доживее во околината?

– Да, имаме четирицикли и забележуваме голема заинтересираност особено во пролет и наесен, кога времето е најпријатно. Останатите активности зависат од желбите на гостите, најчесто тоа се прошетки низ прекрасната природа што ја нуди селото, каде многумина едноставно забораваат на сè друго.

Со оглед на тоа што „Куќаре на планина“ е новоотворен комплекс, како гледате на потенцијалот за развој на планинскиот туризам во овој регион на Македонија?

– Искрено, иднината ја гледаме многу позитивно. Сè повеќе луѓе се презаситени од градскиот метеж и ја бараат мирната, природна страна на животот.

фото – приватна архива

Овој предел на Македонија нуди навистина уникатна природа, и затоа мораме сите да бидеме свесни дека таа е подарок за нас, и дека треба да ја чуваме.

Која е вашата визија за иднината на „Куќаре на планина“, дали планирате нови содржини, проширување или можеби тематски настани поврзани со традицијата и гастрономијата?

– Не би откривала многу пред време, но имаме неколку убави замисли и планови кои сакаме да ги реализираме во блиска иднина. Ќе ве оставиме сами да ги откриете и да ги доживеете кога ќе нè посетите.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button