Научете како совршено да нанесете црвен кармин
Црвениот кармин е универзален и со него никогаш не можете да погрешите.
Црвениот кармин е универзален и со него никогаш не можете да погрешите. Сепак, многу жени сметаат дека црвениот кармин не е за нив. Но, тие грешат. Прочитајте ги овие неколку совети кои ќе ви бидат корисни кога ќе се одлучите да нанесете црвен кармин на вашите усни.
Одберете ја вистинската нијанса на кармин
Ако вашиот тен е повеќе кон розово, подобро ќе ви стојат потемни бои, а жените со жолта кожа треба да користат топли црвени бои.
Подобро е ноктите да немаат иста нијанса со вашите усни
Најдобро е да не користите црвен лак за нокти кога нанесувате црвен кармин. Проѕирниот или светлиот лак се одлични, но можете да користите и некои потемни, затоа што тоа е тренд кој уште долго ќе се следи.
Производ на неделата – Wonderlight Serum Make up >>
Користете повеќе нијанси на кармини
Малку експерти за шминкање користат само една нијанса на кармин, туку тие сакаат да користат повеќе за да добијат совршена боја. Ако сте купиле кармен кој премногу светка или кој е премногу темен, не фрлајте го. Наместо тоа, користете разни нијанси и добијте ја совршената боја што ја посакувате.
Ако сте возрасни, користете посветли нијанси
Усните стануваат потенки со текот на годините, а тоа може да го истакне темниот кармин. Затоа, подобро е да користите посветла нијанса или да избегнувате црвен кармин, па да се одлучите за неутрална нијанса, а акцент да ставите на очите.
Кармин кој морате да го имате во вашиот несесер оваа пролет >>