Реклама
CelebrityFashionНаши ѕвездиСтил

Совршени модни комбинации на БОКИ 13 за оваа есен – некои парчиња што ги носи мора да ги имате!

Реклама

Ако сакате да бидете IN во модата мора да ги следите трендовите кои се најактуелни, а за тоа ќе ви помогнат инфлуенсерите.

Мега-популарниот Бојан Јовановски отсекогаш бил вљубеник во модата, уште од почетоците на неговото појавување тој сакаше да покаже престиж и гламур.

И додека беше во затвор, кога се појавуваше во судница секогаш беше дотеран како од филм. И сега откако е надвор тој редовно објавува по нешто на социјалните мрежи, а модните фотографии се едни од најчестите објави.

Маркетинг

Бургунди ќе ја одбележи есен 2024

Бодото е боја на есента 2024, тоа е повеќе од јасно, па така Бојан за една прилика направил перфектна комбинација со бордо џемпер, кошула под џемперот, а кафените панталони и палто му даваат еден ретро изглед од 60-те. „Луј Витон“ чантата е полн погодок за овој аутфит.

Маркетинг

СО СИВО НЕМА ГРЕШКА

Сивата боја никогаш не излегува од употреба во есенскиот период. А ако оваа есен одберете да направите комбинација во сиво од повеќе тонови е тоа значи дека сте моден експерт. Погледнете како тоа добро го склопил Боки. Кај „Хермес“ чантата симболот е во сивата боја.

НЕ СЕ ОГРАНИЧУВАЈ СО БОИТЕ

Бела кошулам фармерки, свилена марама, еспадрили и нагрнато палто, додека има сонце искористете ја приликата да направите ваков моден изглед. Овде чантата е Ив сен Лоран во црна боја која се вклопува со очилата.

Боки е инспирација и за жените и за мажите. Од неговите најнови објави на инстаграм одбравме неколку коишто дефинитивно се како фотографии извадени од списание.

КАФЕНО И СЕ Е МОЖНО

Плиш кафено е задолжително за оваа есен/зима, не заборавајте дека и ролките ќе бидат тотален хит.

Многу инфлуенсери ќе му позавидат.

ЦРНА – КРАЛИЦАТА НА ТОНОВИТЕ

Ако не знаеш што, облечи се целиот во црно! Тоа е непишано правило кое секогаш успева. За ова сезона имај црни  фармерки, црна обична ролка, црн капут и убава марама.

Знаете како велат или имаш стил или немаш, а Боки знае да ги износи актуелните парчиња како права ѕвезда.

Која комбинација ви се допаѓа најмногу?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button