Во период на пост, ви прикажуваме еден одличен рецепт – компир со коприви.
ФОТО: bakinakuhinja.com
Потребни состојки:
1-2 килограми компири
200 грама млади коприви
1 морков
1 чешне лук
1 главица кромид
Сол и бибер
2 лажички пченкарно брашно
Масло
Начин на подготовка:
Исчистете ги копривите и потоа варете ги една до две минути, па исцедете ги и ситно исечкајте ги. Исечкајте го и лукот, па малку попржете го и додајте кругови морков, па потоа и сечкани компири. Сето ова добро промешајте го. Потоа додајте малку вода. Намачкајте го со масло садот за печење, а потоа распоредете ги копривите. Посолете го исчистениот компир, па додајте малку зачини по желба, па на крај пченкарно брашно. Сето тоа добро измешајте го па наредете го компирот врз копривата и печете во загреана рерна.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .