Огласи
MAMAДом и семејствоРецепти

Совршен трик за пржена риба – крцкава кора и богат вкус со „капка“ масло

Ви ја откриваме тајната за совршено пржена риба. 

advertisement
advert

Викенд е, дали сакате да подготвите совршено пржена риба со минимално масло, а притоа да има неодолива крцкава кора и богат вкус?

Овој едноставен трик ќе ви го промени начинот на кој пржите риба!

фото – пекселс

Магична мешавина на масла

реклама

Клучот за совршената пржена риба е во комбинацијата на 80% масло со висока точка на димење (односно масло идеално за пржење на висока температура) и 20% масло со висок процен на масти.

Маслото со висока точка на димење ѝ овозможува на рибата да се пржи на висока температура без да загори. А тука спаѓаат овие масла – рафинирано сончогледово масло, масло од авокадо или масло од соја.

Маслото со висок процент на масти пак, овозможува рамномерно пржење, крцкава кора и посилен вкус.

Марpкетинг

Во маслата со висок степен на масти спаѓаат – маслиново масло, палмино масло, кокосово масло и путер.

Со овој метод, рибата нема да впие непотребно масло, а секој залак ќе биде совршен!

фото – пекселс

Како да ја подготвите мешавината?

Во чашка наполнете 80% масло со висока точка на димење (на пример сончогледово масло).

Додадете 20% масло со висок процент на масти, како што е маслиновото, палмино или кокосово масло.

Оваа мешавина никогаш не се раздвојува, што ја прави совршена за пржење.

Испробајте го овој метод и откријте зошто ова е најдобриот трик за совршено пржена риба!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button