Единствената работа полоша од облекувањето како Снешко во овој период од годината е постојаната лоша фризура!
Разбираме, сега е зима, има ветрови, дождови, повремено и снег, и тешко е да се одржува убава фризура, посебно некаде под капите. Но, не се разочарувајте. Овде сме да ви понудиме неколку совети како да изгледате прекрасно и во зима, односно, да ви предложиме три шик фризури со плетенки, со кои ќе изгледате прекрасно без разлика на изненадувањата на времето. Без разлика дали сакате едноставно да ја тргнете косата од лицето или пак сакате навистина убава фризура (отпорна на снег), овие фризури ќе придонесат да се чувствувате убаво и самоуверено, и да не се грижите поради гнездото на главата, и што е најинтересно од се – за да ги направите потребно ви е многу помалку време отколку да ги наоблечете сите слоеви на зимска облека!
Фризура која е одлична за носење капа!
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/8554-sovrseni-frizuri-za-vo-zaima?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Eдноставно, а практично, нели? :)
Фризура за ветровито време
Одлична фризура со која ќе спречите ветрот да ви ја носи косата во очи. Генијално за овој период…
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/8554-sovrseni-frizuri-za-vo-zaima?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Со оваа фризура вие сте подготвена за вашата ветровита прошетка низ центарот на градот.
Странична плетенка
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/8554-sovrseni-frizuri-za-vo-zaima?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Скоро е невозможно да имате убава фризура на дожд или снег, но оваа странична плетенка е совршена за вакви временски услови.
Со овие три фризури вие не би имале ниту еден лош ден, кога е вашата фризура во прашање, во текот на целиот зимски период. Се согласувате?
Доколку имате некој ваш предлог за некоја интересна фризура, слободно испратете ни го на Info@shoppingmagazine.mk.