За да имате совршена линија не мора да вежбате како професионален спортист.
Доволно е да внимавате на исхраната и да бидете умерено активни физички. Обидете се во текот на денот да се движите секогаш кога ќе можете, не чекајте слободен пола час за вежбање … Обидете се да внесете дел од овие активности во дневниот распоред и брзо ќе согорувате калории и ќе го затегнете телото.
Ако немате време, ниту волја за тренинг, често седите дома и не сте многу физички активни, обидете се да издвоите барем 5 минути дневно да се раздвижите со некоја од следниве активности.
СКОКАЈТЕ
Прескокнувајте јаже што побрзо можете. Ќе согорите 68 калории.
ИСЧЕКОР
Движете се правејќи исчекори по должината на ходникот. Ќе согорите 45 калории.
ТРЧЕТЕ
Направете неколку кругови околу куќата. Ќе согорите 62 калории.
ИСЧИСТЕТЕ ГО СНЕГОТ
Земете лопата и исчистете го снегот околу куќата. Ќе согорите 34 калории.
ГОТВЕТЕ
Пуштете си музика и подгответе го омиленото јадење. Ќе согорите 26 калории.
МАВАЈТЕ СЕ СО СНЕЖНИ ТОПКИ
Предизвикајте го партнерот или децата и мавајте се со снежни топки. Ќе се забавувате и ќе согорите 34 калории.
КАЧУВАЈТЕ СЕ ПО СТЕПЕНИЦИ
Качувајте се и симнувајте се по степеници. Ќе согорите 36 калории.
ЧИСТЕТЕ ГО СТАНОТ
Исчистете ја кујната на пример. И тоа брзо. Ќе согорите 23 калории.
СКОКАЈТЕ ВО МЕСТО
Скокајте во место додека чекате да ви се свари кафето или да ви се исушат ноктите. Ќе согорите 46 калории.
ЗИМСКИ РАДОСТИ
Отидете со децата на најблиското ритче и спуштајте се со санката. Ќе согорите 40 калории.
СКОКАЈТЕ НА ТОПКА
Скокајте на топка за пилатес за време на рекламите додека гледате филм. Ќе согорите 58 калории.
ИСТЕГНЕТЕ СЕ
Искористете ги неколкуте минути слободно време за убаво да се истегнете. Ќе согорите 20 калории.
СКЛЕКОВИ
Направете колку што можете повеќе склекови за пет минути. Ќе согорите 45 калории во просек.
ТАНЦУВАЈТЕ
Искористете го моментот кога никој не ве гледа и почнете да тамцувате на омилената музика. Ќе согорите 45 калории.
ОДЕТЕ ДО ПРОДАВНИЦА
Отидете до продавница со брз чекор и забрзајте го темпото додека бирате производи по рафтовите. Ќе согорите 22 калории.
Извор: Minimagazin.info