Реклама
Коса

Како до совршена коса во зима

Реклама

Не верувате дека вашата коса може да изгледа убаво и по носењето на шапка?!

 

Маркетинг

 

Штипка, ќе ве посоветува и открие неколку трикови за тоа како во овој зимски период изгледате секогаш средено и притоа да не чувствувате студ !

Маркетинг

Иако капите и шеширите се омилени модни додатоци секоја зима, косата, по нивното носење, најчесто изгледа несредено и наелектризирано. За да го избегнете тој момент, еве во продолжение неколку корисни совети .

За да вашата коса изгледа бујно и неодоливо по носењето на капа или шешир, неопходно е претходно добро да ја подготвите. Откако ќе ја измиете косата, нанесете пена за волумен и потоа исфенирајте ја косата. Доколку имате желба за поголем волумен, потполно  вашата сува коса соберете ја во висока пунџа без притоа да ја зацврстувате со ластиче за коса и потоа ставете ја капата или шеширот. Капата ја загрева вашата глава и коса и со тоа го сочувува саканиот облик.

 

Откако ќе ја симнете капата, фризурата со леснотија можете да ја поправите ако на скалпот претходно имате  нанесено малку пудра за волумен за коса. Исто така треба да внимавате од каков материјал на изработка се капите, шеширите кои ги носите. Избегнувајте синтетика, наместо тоа вашиот избор нека се сведе на  волна, памук и кашмир. Внимавајте да капата не ве затега, бидејќи ќе оневозможи на вашата коса да дише и со тоа вашето теме почесто ќе се поти.

А доколку и понатаму имате проблем со наелектризираност по симнувањето на капата ставете, на дланките, силиконски капки и помините нежно со дланките  низ косата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button