Патувања

Современи чуда на Св. Архангел Михаил во манастирот кој ни е „пред нос“ – брзи одговори на повикот и молитвите

Поставен на стрмна карпа над морето, манастирот доминира со величествен поглед и силна тишина, што самиот амбиент го претвора во духовно прибежиште за илјадници посетители.

Advertisement

Манастирот „Св. Архангел Михаил“ на островот Тасос, во соседна Грција, претставува едно од најпочитуваните светилишта во целиот регион, и пошироко, место со повеќевековна историја, длабока духовност и бројни сведоштва за чудотворни настани кои продолжуваат да ги восхитуваат верниците и денес.

Поставен на стрмна карпа над морето, манастирот доминира со величествен поглед и силна тишина, што самиот амбиент го претвора во духовно прибежиште за илјадници посетители.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Според манастирските записи и сведоштвата кои се пренесуваат во монашките записи и книги, светилиштето чува чудотворна икона на Архангел Михаил, а малку подолу од него се наоѓа пештера во која извира света што многумина ја сметаат за лековита.

Традицијата зборува за десет века непрекината почит кон архистратигот, а современите исповеди само ја збогатуваат оваа приказна.

Случајна средба со Архангелот

Едно од најпотресните сведоштва доаѓа од млад пар кој за време на летување случајно влегол во манастирот пред да се упати кон една затскриена плажа. Во мирен и сончев ден, морето ненадејно се променило и станало опасно, со силни и непредвидливи бранови кои ја влечеле двојката далеку од брегот.

Иако мажот бил искусен пливач, никако не можел да ја спаси својата свршеница, а во миг на очај повикал: „Архангеле, помогни!“

Според неговиот опис, во истиот момент морето се смирило, телата им станале лесни и двајцата без напор успеале да се доближат до брегот.

Вознемирени, но спасени, веднаш се вратиле во манастирот каде со солзи запалиле свеќи и со благодарност го изговориле неговото име. Подоцна токму овој момент го опишале како пресвртница во својот живот, што ги довела до посилна врска со верата и до одлуката своето прво машко дете да го именуваат Михаил.

принтскрин јутјуб

Бебе од Небото

Слично силно сведоштво дава и брачна двојка која тринаесет години се обидувала да добие дете. Без медицинска надеж, случајно прочитале книжуле за манастирот и решиле да му се поклонат на архангелот.

Посетата се совпаднала со студено, зимско време, но нивната желба била силна. Во пештерата сакале да запалат свеќа, но немале запалка; меѓутоа влажно кибритче, кое логично требало да остане бескорисно, одеднаш се запалило и ја осветлило пештерата.

Жената сведочи дека уште истиот ден престанале хроничните болки што ја мачеле со години, а една година подоцна, без медицинска интервенција, го добиле своето прво дете, кое денес со гордост го носи името Михаил.

Протерување на демонот

Особено впечатлива е и приказната за човек од Лименарија кој доживеал тешка сообраќајна несреќа и пет дена лежел во кома на интензивна нега.

Тој раскажува дека во несвесната состојба видел темна пештера во која демон се подготвувал да го убие. Во мигот кога сè изгледало загубено, пред него се појавил Архангел Михаил и извикал: „Нема да го допреш детето!“ Демонската фигура исчезнала, а со неа и мрачната визија.

Во тој момент, според медицинските белешки, пациентот почнал да покажува знаци на подобрување, а денес целосно закрепнат, редовно се враќа во манастирот да се заблагодари за својот живот.

Современите православни извори дополнително го потврдуваат длабокото почитување кон архангелот. Редовно се објавуваат сведоштва на верници кои минувале низ сериозни здравствени состојби и чувствувале необјаснива сила, мир или заштита за која веруваат дека доаѓа преку молитва кон Архангел Михаил.

принтскрин јутјуб

Православниот синексар исто така објавува раскажувања за појави, вмешување во животни опасности и духовни утешувања кои верниците ги поврзуваат со неговото присуство. Манастирот на Тасос, пак, останува место каде секојдневно доаѓаат луѓе од целиот свет во потрага по исцеление, утеха и духовна сигурност. И многумина, бројни сведоштва велат, дека ја добиваат утехата и радоста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button