Актерката Амина Беговиќ открива како се излекувала од дискус хернија и проблеми со тироидната жлезда
Актерката Амина Беговиќ која победи сериозни заболувања како дискус хернија и пореметување на тироидната жлезда вели дека здравјето и виталноста ги должи на две работи – мед и кантарион.
Медниот препарат кој го користи со години е многу евтин и лесно се прави. Треба да го има во секое домаќинство. Не е важно дали имате проблеми со кожата, изгореници, брчки, дискус хернија, стомачни тегоби… Сите болести се извлекуваат на површината и потоа се отстрануваат – вели Амина.
Уште за време на студентските денови, кога студирала глума во класата на Емир Кустурица, Амина паднала од коњ и заработила дискус хернија. И било кажано дека не постои лек.
– И докторите и обичните луѓе тврдеа дека цел живот ќе имам здравствени проблеми. Го истакнуваа фактот дека не постои лек. Можеби во официјалната медицина и нема, но јас успеав со различни комплементарни методи својот живот и здравје да ги доведам до совршенство. Шетањето, јогата, препаратот од мед и кантарионово масло кој сама го подготвувам ми помогнаа не само да се ослободам од болките, туку и да се обнови оштетената ‘рскавица.
Препаратот со мед што го користи Амина воопшто не е некоја научна фантастика – многу лесно се подготвува, не бара многу време, посебен рецепт, ниту пак посебни услови.
– Нема некоја голема филозофија, едноставно, купам трева кантарион од уличните продавачи. Можам и сама да ја наберам, ама нека заработат и тие нешто. Кога тревата ќе се исуши и ќе добие убава црвеникава боја, се става да се кисели во тегла со маслиново масло 40 дена, по можност на сончево место. Потоа се процедува и се користи. Измешано со мед, ова масло е одлично за детоксикација на целото тело. Јас главно користам багремов мед, малку го загревам за да почне да преминува од тврда во течна состојба, а потоа го истурам во веќе подготвеното кантарионово масло. Смесата се меша и е подготвена за употреба. Самото маслиново масло е здраво, како и кантарионот, а добиени екстракт, кога маслиновото масло ќе ги извлече сите лековити својства на кантарионот за тие 40 дена, со додавање на мед – е нешто величествено, и за здравјето и за козметичка примена.
Како да се ослободите од испуканите пети – домашни рецепти >>
Покрај зајакнувањето на имунитетот и подобрување на циркулацијата, овој домашен препарат делува одлично против умор, несоница, проблеми со желудникот и стомачни тегоби. Амина се уверила во неговата ефикасност безброј пати.
– Овој рецепт го користам со години. Нему му ги должам здравјето и виталноста. Со години не посетувам доктори, немам потреба. Еве на пример, по тешката театарска шминка, нема подобар мелем за одморено и свежо лице. Важно е само да најдете вистински, квалитетен мед и маслиново масло, а најдобро е ладно цедено – вели Амина за Aura.ba.
Во секој случај, овој рецепт е многу евтин и лесен за подготовка и секое домаќинство треба да го има, без разлика на тоа дали имате проблеми со кожата, изгореници, брчки, дискус хернија, стомачни или желудечни тегоби – секоја болест се вади на површината и се отстранува.
Со сончогледово масло и мед ја смирила тироидната жлезда
Пред неколку години кога работев на една претстава во Мостар, ја отворив устата да кажам нешто на сцената … Но, во моментов едноставно занемев, останав да стојам на сцената со отворена уста. Немав глас. Мислев дека е до грлото или нешто привремено. Сепак, лекарите открија дека тироидната жлезда е потечена и го блокира говорот.
Ништо од она што ми препорачаа не ми помогна. Бидејќи од секогаш гаев љубов и почит за алтернативната медицина, со сите сили се фрлив во потрага по соодветен лек. Успеав да го пронајдам во сончогледовото масло. За овој метод, кој се уште е непознат тука, но не премногу и во светот, пишуваше списанието Аура. Сега веќе на интернет можете да најдете повеќе информации за тоа.
Еликсир на младоста: многу жени се колнат дека им ја подмладува кожата, косата, па дури и видот >>
Зедов најобично сончогледово масло и еднаш дневно правев гаргара со него, провлекувајќи го низ устата. Маслото треба да се матка во устата и провлекува низ забите околу 15 минути и во никој случај не треба да се проголта. Со свои очи гледате како се извлекуваат отровите, маслото побелува и толку е штетно што не смее да се исплука во мијалникот, туку најдобро во ВЦ шолјата и потоа неколку пати да се пушти на вода!
Со овој метод ја средив штитната жлезда, гласот ми се врати, отокот исчезна. Се разбира, паралелно со гаргарата со сончогледово масло, го мачкав и вратот со кантарионово масло, и два пати на ден пиев кантарионово масло измешано со мед.
И лекарите беа изненадени од моето брзо закрепнување. Дури ги нормализирав и триглицеридите, кои беа три пати поголеми од дозволеното. Навистина нема ништо подобро ниту поздраво од природата.
Најдобра заштита од сонцето
Повеќето луѓе на море погрешно ја заштитуваат кожата така што на суво тело нанесуваат маслиново или кантарионово масло. Единствениот сигурен начин за заштита е да се намачкате кога сте мокри, односно, треба да се намокрите во водата, а потоа да се намачкате со масло. Не само што така ќе поцрните апсолутно рамномерно, туку нема шанси да изгорите или да добиете црвенила или изгореници. Одговорно тврдам дека ништо подобро не ја штити кожата од кантарионовото и маслиновото масло. Можете да ги мачкате и на косата и лицето, како и на останатите делови од телото.
Што се случува кога ќе измешате цвекло, морков и јаболко – напиток кој ги уништува овие болести >>
Извор: aura