Наместо строгите диети кои може да ги пронајдете секаде во последно време, подобро е да изберете нешто што е здраво за вашиот организам. Резултатот ќе биде ист, па ќе го избегнете бумеранг ефектот: Враќање на килограмите. Постојат некои стари совети за губење на тежината, кои навистина функционираат и вреди да ги испробате.
1. Не консумирајте јаглехидрати во доцните часови
Ако сакате да ослабнете, тогаш избегнувајте ги вечерните внесувања на јаглехидрати. Откажете се од тестенини, пица, леб и слични намирници во доцните часови, па дефинитивно ќе ја намалите тежината.
2. Водете дневник
Две јајца со сланина, јогурт со малини…. Секој кој води дневник, јаде посвесно. Ако секојдневно мора да запишувате ДВЕ ЦЕЛИ ЧОКОЛАДИ, тогаш набрзо ќе престанете да уживате во нив, затоа што совеста нема да ви дозволи да јадете толку многу.
3. Почнете да вежбате
Оние кои навистина сакаат да ги изгубат вишокот килограми, не можат да ги избегнат физичките активности. Еден час спортски активности, три пати неделно, ќе направи чуда за вас!